Свет
Норвешка и Финска подготвени да и` помогнат на Шведска

Шведска се соочува со голем скок на бројот на заболени со коронавирус. Поради недостиг на медицински капацитети, помош понудија соседните држави – Финска и Норвешка.
Стокхолм уште треба официјално да побара помош, за да можат фински и норвешки лекари да се вклучат во борбата против заразата. Здравствените власти во шведскиот главен град досега ги ангажираа сите расположливи лекари, но и воени сили, за да се изборат со епидемијата, пренесе „Фајненшл тајмс“.
„Сè уште не добивме официјално барање за помош, но гледаме каква е состојбата во шведските болници, па затоа сме подготвени да ‘скокнеме’“, рече главниот секретар на финското Министерство за социјална заштита и здравје, Кирси Варила.
Нејзината норвешка колешка Марија Јарман Бјерке, пак, им изјави на новинарите дека нордиските земји имаат договор за заемна медицинска помош.
„Ако Шведска побара помош, ние ќе го исполниме тоа барање“, рече таа.
За време на првиот и вториот бран на коронавирус, Шведска имаше значително поголем број заразени лица од соседните Норвешка и Финска.
Некои го припишуваат ова на „прелибералниот“ модел на контрола на пандемијата, кој не вклучуваше речиси никакви значителни рестриктивни епидемиолошки мерки во споредба со блокадите во остатокот од Европа. Само во декември Шведска досега има забележано околу 1.400 смртни случаи од Ковид-19. Во Норвешка, 100 лица починаа во истиот период, а во Финска, 80 лица.
Стокхолмскиот Регион извести дека тамошните болници се соочуваат со многу големи проблеми, бидејќи 99 проценти од креветите на одделите за интензивна нега се полни, а здравствените синдикати предупредуваат дека голем број здравствени работници ги откажуваат договорите за вработување поради зголемени инфекции, хоспитализации и смртни случаи.
Така, само во областа на метрополата, околу 3.600 здравствени работници поднеле оставки од почетокот на пандемијата. Флуктуациите на вработените се чести, но шведските медиуми предупредуваат дека ова е за 900 повеќе отпуштања отколку во истиот период минатата година.
Сепак, се чини дека Шведска сè уште нема намера да бара помош од соседите. Според директорката за подготвеност на шведскиот Национален комитет за здравје и благосостојба, Јохана Сандвал, состојбата во здравствената заштита е тешка, но земјата сепак може да се справи сама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Уапсена жената која го украде лаптопот на Ненси Пелоси

Американската полиција ја уапси Рајли Џун Вилијамс (22) под сомнение дека украла лаптоп од канцеларијата на демократката Ненси Пелоси за време на немирите во Капитол.
Нејзиниот поранешен партнер изјавил дека Вилијамс имала намера да ги продаде податоците на руската разузнавачка служба, објави Би-Би-Си.
Пет лица беа убиени кога приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во седиштето на Конгресот на 6 јануари, кадешто пратениците се состанаа за да ја потврдат изборната победа на Џозеф Бајден.
Случајот со Вилијамс е една од над 200 тужби што се покренати откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Капитол.
Таа е уапсена вчера во Пенсилванија. Извори за CBS News изјавија дека им се предала на властите.
Според обвинението, таа „свесно влегла и останала во зградата со ограничен пристап без законско овластување, насилно влегла и правела неред во областа Капитол“.
Не се споменуваат обвинувања за податоци. Федералното биро за истраги сè уште ги проверува овие обвинувања.
Европа
Конте доби поддршка во Долниот дом на парламентот

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте денеска беше изгласан во Долниот дом на парламентот, откако неговиот помлад партнер ја напушти владејачката коалиција, но тој ќе мора да се соочи со многу понеизвесно гласање на доверба во Горниот дом на собранието за помалку од 24 часа.
По неговиот апел до опозицијата и независните пратеници да го поддржат откако партијата на поранешниот премиер Матео Ренци, „Италија Вива“, ја напушти коалицијата минатата недела, Владата на Конте доби гласање на доверба за време на гласањето во Претставничкиот дом – Долниот дом со 321 глас „за“ и 259 „против“.
Во Горниот дом на парламентот – Сенатот на Република, владата имаше само мало мнозинство дури и кога „Италија Вива“ сè уште беше дел од коалицијата.
Свет
Бразил почна со масовна вакцинација со кинеската вакцина

Бразил започна вакцинација на населението против коронавирус со вакцина на кинескиот производител „Синовак“.
Имунизацијата почна во десет сојузни држави.
Националната агенција за мониторинг Анвиса итно ја одобри вакцината во неделата, а според министерот за здравство Едуардо Пазуело, вакцинацијата требаше да започне пет дена подоцна. Сепак, под притисок на јавноста вакцинирањето се случува порано од предвиденото.
Бразил е земја со 210 милиони жители, која има на располагање околу 6 милиони дози вакцина Синовак, имајќи предвид дека Рио де Женеиро постигна договор со кинескиот производител.
Претседателот Болсонаро постојано изразува презир кон кинеската вакцина, но неговата влада го избра „Синовак“ по неуспешниот план за увоз на 2 милиони дози на вакцината произведена од АстраЗенека во соработка со Универзитетот Оксфорд од Индија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира