Свет
Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое беа убиени две лица, што се случи во саботата вечерта во бар посетуван од ЛГБТ популацијата во земјата.
Осомничениот е уапсен веднаш по нападот во кој загинаа две лица, а 21 беа повредени. Тој имал долга историја на насилство и закани, а на властите им бил познат од 2015 година кога произлегла нивна загриженост за неговата радикализација и припадност на мрежа на исламски екстремизам, рече шефот на разузнавачката служба Роџер Берг на прес-конференција.
Полицијата претходно соопшти дека се работи за 42-годишен норвешки државјанин со иранско потекло кој им бил познат од порано, но за полесни кривични дела. Според Берг, разузнавачките служби разговарале со него минатиот месец, но не оцениле дека имал насилни намери.
Се додава и дека имал проблеми поврзани со менталното здравје. Нападот се случи во ноќниот клуб London Pub во центарот на градот во саботата вечерта. Се пукало и на други места во близина. Нападнатиот ноќен клуб е популарен меѓу ЛГБТ заедницата.
Граѓаните кои се нашле на местото на настанот помогнале во апсењето на напаѓачот, за што полицијата им се заблагодарила.
Полицијата извршила претрес во станот на напаѓачот и биле запленети две парчиња огнено оружје. Сите индиции, тврдат од полицијата, се дека напаѓачот дејствувал сам и претходно одлежал неколку месеци затвор за дела поврзани со дрога.
Разузнавачките служби го подигнаа нивото на закани во земјата поради нападот во Осло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Разбојници во Италија ископале тунел под банка и се заглавиле па повикале полиција на помош

Банда ограбувачи на банки била принудена да ја повика римската полиција на помош за да ги извлече од тунелот кој самите го ископале, но пропаднале при грабежот, кој најверојатно лошо го испланирале, објавија денеска италијанските медиуми.
Припадниците на спасувачката служба во четвртокот вечерта околу 20 часот од урнатиот тунел извлекле повреден маж и го пренеле во болница, додека полицијата привела тројца негови соучесници во грабежот. Се претпоставува дека повикот за помош го испратил еден од разбојниците.
Членовите на бандата, двајца Римјани и двајца Наполитанци, го искористиле долгиот викенд среде Ферагосто, кога повеќето италијански бизниси се затворени, за да упаднат во банка и во околните бизниси.
Но, нивниот план не успеал бидејќи лошо го ископале тунелот до банката, кој се урнал, па биле принудени да повикаат полиција на помош.
„Помогнете, ве молам, дојдете да ме ослободите“, бил повикот на човекот до спасувачката служба откако се урнал тунелот што го ископал заедно со колегите.
Припадниците на спасувачката служба, вклучително и експерти обучени за помош по земјотресот, морале да ископаат втор, паралелен тунел за да помогнат.
Медиумите јавуваат дека за време на процесот на спасување на заробениот му биле дадени течности и кислород кои го одржувале во живот.
Свет
Борут Пахор: Решението е сите земји од Западен Балкан што побргу да влезат во ЕУ

Србија е под голем притисок да ги спроведе санкциите на западниот блок и ЕУ против Русија, но процесот на нејзино членство во ЕУ продолжува, изјави во Анкара претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој е за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан до Европската Унија и кој, како што вели, од почетокот го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој во моментот не постои.
Пахор во интервју за агенцијата „Анадолија“ рече дека му придава важност на членството во ЕУ за да покаже на чија страна се сите земји, вклучително и Србија.
Претседателот на Словенија посочува дека сака што побргу да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ.
Свет
(Видео) На брегот на Ибица изгоре јахта вредна 23 милиони евра

На брегот на Ибица изгоре суперјахта вредна повеќе од 23 милиони евра на италијанскиот бизнисмен Паоло Скудиери.
Речиси 46-метарската духовна јахта се запали во четвртокот во Кала Саона, само еден месец откако бизнисменот ја зазеде. Луксузниот брод имал сопствен базен, сала за вежбање и пет спални соби.
Црниот чад што се издигна над јахтата беше јасно видлив од островот, а сè уште не е познато како настанал пожарот.
El yate Aria SF de 45 metros de eslora de Paolo Scudieri está ardiendo en Formentera. Es una embarcación de lujo valorada en más de 20 millones de € y estrenada este año.https://t.co/tXrLbUOvhP pic.twitter.com/NnItNn4yjQ
— NIPORWIFI © (@niporwifi) August 11, 2022
Шпанската крајбрежна стража испрати два спасувачки брода, кои успешно евакуираа девет патници и седум члена на екипажот. За среќа, никој не е повреден.
Не е познато дали Скудиери, бизнисмен за кој се вели дека вреди 500 милиони евра, бил на јахтата кога се запалила.
Recently Delivered Aria SF Luxury Superyacht Catches Fire in Spain https://t.co/xUokKtn2hj pic.twitter.com/h58v2fsF0K
— Flyin18T Motorsports (@Flyin18T) August 12, 2022
Паоло, кој е татко на четири деца и живее во Неапол, е директор на компанијата „Групо Адлер“, која се занимава со производство на автоделови, пренесе „Телеграф.рс“.