Европа
Објавен договорот меѓу „Астра зенека“ и Европската Унија, голем дел е замаглен

Британската компанија „Астра зенека“ се согласи да го објави редактираниот договор што Европската Унија и фармацевтската компанија го потпишаа на 27 август 2020 година.
Комисијата наведува дека договорот претставува цврста обврска на компанијата да ги достави дозите според планот, без оглед на статусот на дозволата за употреба на вакцината за време на потпишувањето на договорот.
„За нас, воопшто не е доведено во прашање она што е прецизирано со договорот“, велат од Комисијата.
Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, повтори дека договорот бил потпишан однапред, пред да се даде зелено светло за вакцините на „Астра зенека“ и оти документот прецизира дека нема да има испораки доколку не се добие одобрение од Европската агенција за лекови.
„Постои клаузула што имплицира дека компанијата произведува дози пред авторизацијата за да може да го почитува планот за испорака веднаш кога ќе го добие потребното зелено светло“, вели Мамар.
Објавениот договор содржи преработени делови што се однесуваат на доверливи информации, како што се детали за фактурата, а ЕК наведува дека во договорот се споменуваат и фабриките на „Астра зенека“ во Велика Британија за кои било договорено да придонесат за испорака на дози до ЕУ.
Голем дел од договорот е замаглен
На компанијата ѝ е дозволено да ги прикрива клучните делови во јавно достапната верзија на договорот. Дури 95 проценти од затскриените делови на објавениот договор биле замаглени од „Астра зенека“, а само 5 проценти од ЕУ.
„Сè што беше замаглено, односно 95 проценти од замагленото беше направено од компанијата. ЕУ го затскри само делот што се однесува на она што ќе се случува понатаму во разговорите. Не сакавме да го одложиме објавувањето на договорот расправајќи се со нив за толкувањето за тоа што е тајна, а што не е“, вели извор од Унијата.
Проблемот е, се разбира, во толкувањето на клучните клаузули, како онаа за потребата од „вложување најдобри разумни напори“, како и толкувањето на делот за производствените капацитети од кои вакцините на „Астра зенека“ ќе одат во земјите на ЕУ.
За ЕУ, според европскиот извор кој им го објасни споменатиот договор на новинарите, не е прифатливо компанијата да биде таа што може да процени сама дека сторила сè што е во нејзина моќ.
„Интерпретацијата на ‘Астра зенека’ е субјективна. Нивното толкување е: ‘Мислиме дека сторивме сè што е во наша моќ. Никој не смее да го доведува во прашање тоа’“, рече изворот додавајќи дека компанија со таков капацитет не може само да каже дека не е во можност да ги исполни обврските од договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Неаполската мафија вклучена во бизнис со брзата помош, за услугите наплаќале 20 пати повеќе

Криминалната организација „Камора“ во Неапол го регулира и превозот на пациенти и починати со приватни амбуланти возила, се вели во истражување спроведено од тимот на весникот „Фанпејџ“.
Приватна фирма за транспортни услуги на извесен Марко Салвати, со помош на „Камора“, обезбедила монопол за итен превоз на пациенти наплатувајќи ги услугите од десет до 20 пати повеќе од вообичаената цена.
Салвати на една мајка ѝ наплатил 500 евра за пренесување на нејзиниот болен син од куќата до болница, што предизвикало бес кај граѓаните во шпанските населби и тоа било причина весникот да почне сопствена истрага.
Со помош на скриени камери и тајно снимени разговори весникот го открил случајот на т.н. црн крст.
Во државната болница во Неапол, Салвати ја елиминирал конкуренцијата заканувајќи се со оружје, испраќајќи свои луѓе и поткупувајќи го болничкиот персонал, со цел себеси да си обезбеди работа, а весникот го документирал сето тоа.
Компанијата на Салвати спротивно на законот превезувалa починати од болница до домовите (законот дозволува починатиот да биде пренесен само на гробишта), а за таа услуга наплатувала и до 1.500 евра.
На оние што на крајот би одбиле или се побуниле поради високата цена на услугата тој им испраќал луѓе на мафијата за да ги премисли.
Советникот за регионална влада, Емилио Борели, претходно изјави дека станува збор за опасно учество во организиран криминал и го опиша сопственикот на приватниот бизнис, Марко Салвати, како лице што вознемирува и предизвикува проблеми, но дури и тоа не беше доволно за да се запрат неговите постапки.
Европа
Финска прогласи вонредна состојба поради зголемен број инфекции со коронавирус

Финската влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на новозаболени, а овој потег ќе им овозможи на властите да затворат ресторани и да преземат други мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Одлуката е донесена поради новите видови коронавирус, кои го забрзаа ширењето на инфекции во нордиската земја, која веќе ги затвори своите граници, пишува „Ројтерс“.
Вонредната состојба исто така ќе ѝ овозможи на владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.
„Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти“, рече премиерката Сана Марин.
„Сега секој има шанса да влијае на тоа како ќе изгледаат пролетта и летото“, додаде таа.
Неколку фински региони забележаа брз раст на нови инфекции во последните две недели. Жешки жаришта беа создадени меѓу скијачите во Лапонија, работниците во бродоградилиштата и градежништвото.
Финска досега беше меѓу најмалку погодените европски земји од пандемијата.
Европа
Принцот Филип префрлен во друга болница заради испитување на срцето

Британскиот принц Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета (94), е префрлен во друга болница во центарот на Лондон за да се испита состојбата на срцето и да се лекува од инфекција.
„Војводата останува на лекување, но се очекува да остане во болница барем до крајот на неделава“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години во јуни. Тој беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“ во Лондон на 16 февруари. Палатата првично одлучи да не ја открие причината за хоспитализацијата, но подоцна беше објавено дека тој се лекува од инфекција повикувајќи се на неговите лекари, кои рекоа дека е добро расположен.
Извештаите за наводната намера на медицинските лица да го задржат во болница подолго од планираното предизвикаа загриженост за здравјето на стариот принц.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер