Европа
Од денес ублажени мерките против коронавирусот во Италија
Во Италија 237 лица починаа од зараза со Ковид-19, а 11.250 се новозаразени, пренесува агенцијата „Анса“ додавајќи дека ова е првпат во последните неколку месеци од почетокот на вториот бран на пандемијата да се забележани толку мали дневни податоци за епидемијата.
Од денес во повеќето делови на Италија антивирусните мерки се ублажени, освен во четири региони, каде што нивото на инфекција е сè уште високо, а другите преминуваат во таканаречената жолта зона.
Тоа значи отворени барови, ресторани, продавници, музеи и за време на викендот и првпат по два месеца, ќе бидат отворени трговските центри. Сепак, основните мерки за заштита остануваат во сила, како и забраната за меѓурегионален сообраќај.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, предупреди дека вирусот е сè уште присутен, дека опасноста не е помината и дека ублажувањето на антиковид-мерките не значи ослободување на сите и на сè.
Владиниот комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури, исто така ги повика граѓаните да бидат претпазливи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Масакр во Донецк: Русите погубија пет цивили, застрелаа жена во вилицата, таа преживеа
Руски војници погубија пет цивили во селото Жвановка во Донецката област, објави канцеларијата на регионалниот обвинител. Злосторството, кое се случи на 20 октомври, беше опишано како семеен масакр што потсетува на методите на Гестапо, објавува „Киев пост“.
Според извештајот, двојката и нивниот постар син се криеле во подрумот на нивната семејна куќа, додека помладиот син отишол да донесе вода од соседот. Руските војници влегле во куќата, го пронашле скривалиштето и почнале да го испрашуваат семејството за позициите на украинските бранители. Кога не ги добиле информациите што ги барале, војниците си заминале, велат обвинителите.
Но, набргу потоа, еден од војниците се вратил и отворил оган врз семејството со автоматско оружје. Убеден дека сите се мртви, тој го напуштил местото на злосторството. Сепак, мајката, која претрпела прострелна рана во вилицата, преживеала.
И покрај сериозните повреди и загриженоста за помладиот син, жената отишла во куќата на соседката. Таму, го пронашла безживотното тело на својот син во подрумот, покрај телата на нејзината соседка (62) и нејзиниот 30-годишен син. Преживеаната успеала да стигне до територијата контролирана од Украина, каде што била хоспитализирана. Таму, таа дала изјава за воениот злостор извршен од руските сили.
Селото Жванивка, кое се наоѓа на околу триесет километри од Бахмут, е на фронтовската линија речиси од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Во јуни истата година, селото беше цел на артилериски и ракетни напади врз цивилни цели. Во јуни 2023 година, осум жители беа повредени во нападите врз Жванивка и околните градови.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Дрон удри во зграда во Московската област: станот е целосно уништен, петмина повредени
Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Красногорск, Московска област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
A Ukrainian drone crashed into an apartment in Krasnogorsk
The impact hit the 14th floor, injuring five people.
Local residents say the explosion was so powerful that fragments of the building’s facade and shattered glass were scattered all over the courtyard. pic.twitter.com/A2asEfNUOP
— NEXTA (@nexta_tv) October 24, 2025
„Станбена зграда во Красногорск е оштетена во напад со беспилотно летало. Дронот се урна во стан на 14-тиот кат. Пет лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Четворица се веднаш однесени во болници, каде што добиваат потребна медицинска помош“, напиша Воробјов на својот телеграм-канал.
Тој истакна дека детето претрпело полесни повреди на долниот дел од ногата и исчанчено колено, а другите повредени лица имаат трауматски повреди на мозокот, фрактури и рани од шрапнели.

Инцидентот оштети и делумно уништи три стана. Фрагменти од облогата на зградата и стаклените прозорци беа расфрлани на растојание од 100-ина метри. Станарите на зградата изјавија за руската државна новинска агенција „Тасс“ дека експлозијата била многу моќна.
фото: принтскрин
Европа
Захарова ја нападна Полска: „Сакаат да ги вовлечат САД во опасен потфат“
Русија верува дека одредени членки на НАТО, со акцент на Полска, сакаат да се откажат од ограничувањата поврзани со распоредувањето нуклеарно оружје на нивна територија, што би ги влошило „стратешките ризици“ и дополнително би ги зголемило тензиите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова истакна дека полските претставници веќе се обратиле до Соединетите Држави „во обид да го вклучат Вашингтон во обврска поврзана со распоредувањето американско нуклеарно оружје на полска територија“.
„Со прибегнување кон вакви потези, формално ненуклеарните членки на НАТО повторно го покажуваат своето пркосно непочитување на Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, рече таа на брифингот, како што објави руската државна новинска агенција ТАСС. Таа додаде дека не може да се исклучи можноста некои од овие земји, кои сè уште се придржуваат кон националните ограничувања, целосно да ги напуштат овие обврски во иднина.
Захарова, исто така, ја нарече овогодишната вежба на НАТО за нуклеарно одвраќање, „Steadfast Noon“, во која учествуваат 14 земји-членки и до 60 авиони, „длабоко дестабилизирачка“. Таа тврди дека „оваа шема и соодветните капацитети на земјите-членки на НАТО“ ќе доведат до „понатамошно влошување на стратешките ризици и зголемени тензии“.
Нејзините коментари доаѓаат во време на зголемени тензии околу Украина и пропаѓање на договорите за контрола на оружјето, поттикнувајќи стравувања од нова трка во вооружување. На ова предупреди и рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој во среда изјави дека „непријателските политики на земјите-членки на НАТО“ би можеле „да доведат до директна конфронтација меѓу нуклеарните сили“.
Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека американскиот претседател Трамп ја одложи средбата со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела, додека Путин надгледуваше голема нуклеарна вежба со интерконтинентални балистички ракети.
фото: принтскрин

