Свет
Речиси половина милион новозаразени од Ковид-19 за еден ден во светот, Шведска втора во Европа
Повеќе од 567.000 лица новозаразени од Ковид-19 во претходните 24 часа, според податоците објавени од Светската здравствена организација.
Досега се заразени 136.291.128 лица, а починаа 2.941.128. За 24 часа бројот на заразени скокна за 567.849, а починаа 9.521, објавуваат светските агенции.
Најголем број новоинфицирани има во Југоисточна Азија – 175.614 лица, следна е Европа со 159.163 лица, потоа Северна и Јужна Америка со 153.573 новозаразени од коронавирус.
Први по бројот на случаи со Ковид-19 се Соединетите Американски Држави со 30.888.865 лица, следени од Индија со 13.689.433 и Бразил со 13.482.023 заболени лица од коронавирус.
Во последните 24 часа во Индија е потврден рекорден број од 184.372 новозаразени од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Стапката на новозаразени од коронавирусот во Шведска минатата недела ја искачи земјата на второто највисоко ниво во Европа, покажуваат најновите податоци.
Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска го надминал врвот на вториот бран на пандемијата на крајот на минатата година.
Според податоците на локалните здравствени власти, од петокот во Шведска имало 19.105 нови случаи на Ковид-19 пренесуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

