Свет
ООН предупредува, околу 34 милиони луѓе во светот гладуваат
ОН предупредија дека гладот ќе владее во повеќе од 20 земји во светот во следните неколку месеци.
Според извештајот на Организацијата за храна и земјоделство, бројни семејства веќе гладуваат во делови на Јемен и Јужен Судан.
Во извештајот се вели дека околу 34 милиони луѓе се борат со недостиг на храна и се на работ на глад.
Гладот е предизвикан од воени конфликти, климатски промени и пандемијата со коронавирусот, а во некои земји од временски непогоди и пустински бури.
„Нивото на страдање е алармантно. На сите нас е да дејствуваме брзо и да спасиме човечки животи“, генералениот директор на Организацијата на ООН за храна и земјоделство.
Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се меѓу земјите кои се соочуваат со „катастрофа поради недостиг на храна, се наведува во извештајот на оваа организација.
Земјите во Африка се најзагрозени, а гладот се заканува во Авганистан, Сирија, Либан, Хаити и во некои од карипските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

