Европа
Операторот на надвозникот во Италија издвоил 500 милиони евра за Џенова

Италијанскиот оператор кој беше надлежен за безбедноста на автопатот „А10“, вклучувајќи го и надвозникот кој во втрникот се сруши во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти дека обезбедил 500 милиони евра помош за Џенова да закрепне од катастрофата.
Досега во несреќата животот го загубија 42 лица, а голем број се повредени. Претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, неколкумина министри, заедно со челновите на семејствата на загинатите денеска се простија од 18-мина жртви во падот на надвозникот.
Присутните на комеморацијата ги поздравија тимовите и пожарникарите кои учествуваа во спасувањето. Семејствата на дел од жртвите пак решија да не учествуваат на погребната церемонија која се одржа денеска во Џенова.
Дел од родителите на жртвите сметаат дека станува збор за убиство, а како одговорна ја посочуваат државата. Поради несреќата, денеска во Италија е прогласен ден на жалост, знамињата се спуштени на половина копје, а во Рим е исклучено осветлувањето на Колосеумот, како и на голем број познатите фонтани и други споменици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.