Свет
Орбан: АфД е иднината на Германија
Унгарскиот премиер Виктор Орба, денеска, во Будимпешта разговараше со копретседавачот на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, и рече дека оваа партија е иднината на Германија.
„Иднината во Германија ја пишува АфД. Чест е што претседателката на партијата, Алиса Вајдел, ја посети Будимпешта“, напиша Орбан на „Фејсбук“.
Како што објави порталот „Унгарија тудеј“, најважна тема на разговор била европската миграциска криза.
Орбан и кандидатот за германски канцелар се согласија дека запирањето на илегалната миграција, зајакнувањето на безбедноста на Европа и можноста за промена на европската политичка насока се клучни задачи.
Друга клучна тема на средбата беше прашањето за европската мировна и воена политика.
Орбан претходно изјави дека, иако во сè не се согласува со АфД, има прашања за кои делат исти ставови, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

