Свет
Орбан: Војниците ќе го надгледуваат полицискиот час
Унгарските војници ќе бидат вклучени во спроведувањето на новите прописи за полициски час, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан преку видео на „Фејсбук“ рече дека се консултирал со министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер, и министерот за одбрана, Тибор Бенко, за вклучување на војската за спроведување полициски час и одржување на јавниот ред и мир и, каде што е можно, да го намали притисокот врз здравствените служби поради пандемијата на коронавирусот.
„Нашите војници сега нема да ја бранат татковината во војна, туку ќе им помогнат на полицијата, централната администрација и на здравствениот персонал во областите каде што министрите за внатрешни работи и здравство сметаат дека е потребно“, рече Орбан.
Вчера, пратениците ги продолжија специјалните овластувања на владата за 90 дена овозможувајќи со уредба да ја суспендира примената на некои закони, да отстапи од законските одредби и да преземе други вонредни мерки.
Полицискиот час е во сила од 20 часот навечер до 5 часот наутро, а работата што се одвива надвор од домот мора да биде оправдана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

