Европа
Орбан: Наскоро договор со „Синофарм“, чекавме да ги видиме резултатите од Србија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека најверојатно ќе потпише договор со кинеската компанија „Синофарм“ за набавка на вакцина против коронавирус и додаде дека чекале да ги видат резултатите од масовната вакцинација со кинеската вакцина во Србија.
На почетокот на јануари Србија доби еден милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ и со тоа стана првата европска земја што започна програма за масовно вакцинирање со таа вакцина, пренесува „Ројтерс“.
Орбан за државното радио изјави дека и самиот ќе ја избере кинеската вакцина, затоа што најмногу ѝ верува.
Унгарија на тој начин би станала првата земја членка на ЕУ чии граѓани би ја примиле кинеската вакцина доколку биде одобрена од унгарските власти, а минатата недела стана првата земја на ЕУ што купи руска вакцина „спутник V“.
Првата испорака на „Синофарм“ може да содржи милион дози.
Орбан рече дека Унгарија може да вакцинира околу 1,7 милиони луѓе до март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Чешка рекорден број на заболени од Ковид-19

Претседателот на Чешка, Милош Земан му се обрати на кинескиот лидер Си Џиннпинг за да обезбеди испорака на кинеската вакцина против Ковид-19 во неговата земја, изјави вчера портпаролот на Земан.
Според амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да го исполни“ барањето.
Досега, Унгарија е единствената членка на Европската Унија која ги вакцинира своите граѓани со кинеската вакцина „Синофарм“.
Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила вакцината.
Земан испрати слично барање до Русија.
Чешка е погодена од голем бран на нови случаи со Ковид-19 и покрај строгите мерки за затворање , а чешките болници вчера објавија рекорден број случаи на пациенти од Ковид-19.
Многу болници се преполни и немаат лекари и друг медицински персонал.
Европа
Секој граѓанин на Германија ќе добива по еден бесплатен тест неделно

Од следната недела, секој германски граѓанин ќе има неделно по еден бесплатен тест за коронавирус, најави германската канцеларка, Ангела Меркел. Како што посочи, стратегијата на борбата против пандемијата не се заснова само на забрзана вакцинација, туку и на масовно тестирање.
Германија ќе ги продолжи мерките за затворање до 28 март со многу опции за отворање во зависност од епидемиолошката состојба.
Меркел најави и поголема флексибилност при вакцинирањето со списоците на чекање, со цел што помалку датуми за вакцинација да останат неискористени, како и вакцинации кај матични лекари.
Постепеното отворање што ќе зависи од седумдневната инциденца. Од 8 март, во луѓето од едно домаќинство ќе можат да се сретнат со пет лица од друго домаќинство. Досега беше дозволена средба само со едно лице од друго домаќинство.
Продавниците ќе можат да ги отворат своите врати за клиентите во случај на инциденца под 50. Во случај на инциденца над 50, дозволено е купување преку Интернет со можност за подигање на стоката во самата продавница.
Терасите на рестораните и кафулињата ќе можат да примаат гости во случај на инциденца под 50 за 14 дена.
Од 8 март дозволено ќе биде работењето на цвеќарници, градинарски продавници и книжарниците. Од 8 март ќе можат да работат и педикирите, како и училиштата за возење и летање.
Правилото за работа од дома каде што е можно е продолжено до крајот на април.
Европа
Маж во Шведска со нож нападнал осум луѓе, полицијата се сомнева на тероризам

Помлад маж со остар предмет нападнал осум лица во шведскиот град Ветланда. Две жртви се тешко повредени.
Според локалните медиуми, напаѓачот бил пренесен во болница откако полицаец го ранил во ногата. Медиумите го опишуваат како човек на дваесетина години.
⚠️🇸🇪#𝐀𝐋𝐄𝐑𝐓: TERRORIST ATTACK REPORTED IN SWEDEN; MULTIPLE PEOPLE STABBED IN NECK
📍#Vetlanda, #Sweden
Multiple people have been stabbed in the neck during a terrorist attack. Police have detained the suspect. Large EMS presence on scene dealing with injuries.#BreakingNews pic.twitter.com/9RwdvFDbFQ— 𝐈𝐧𝐭𝐞𝐥 𝐏𝐨𝐢𝐧𝐭 𝐍𝐞𝐰𝐬 𝐀𝐥𝐞𝐫𝐭𝐬 (@IntelNewsDesk) March 3, 2021
Полицијата најпрво го окарактеризира злосторството како обид за убиство, но сега се сомнева дека станува збор за тероризам.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер