Европа
Орбан: Ниту Русија ниту Украина не сака да ја запре војната
Европската Унија треба поблиску да соработува за пазарните и одбранбените прашања, но не и за политичките прашања, како што е миграцијата, бидејќи големите разлики меѓу земјите го прават тоа невозможно, изјави денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Постојат прашања, дури и егзистенцијални, на кои немаме заеднички одговори, имено војна и мир, миграција, пол, општество базирано на работа, целосно вработување“, рече Орбан на конференција во Италија.
„Ако нè принудите да се здружиме за прашања на кои не се согласуваме, ќе ја расцепите Европската Унија“, рече тој.
Орбан исто така рече дека неговите посети на Киев и Москва на почетокот на оваа година, кои беа критикувани од некои партнери од Европската Унија, доведоа до заклучок дека во овој момент ниту една страна нема намера да постигне мир и да го запре конфликтот.
Унгарскиот лидер смета дека мора да бидат отворени комуникациските линии на двете страни доколку Европа сака да ја прекине војната во Украина. Унгарија, која одржува блиски врски со Русија по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година, го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ во јули.
По преземањето на кормилото, Орбан го посети Киев, а потоа одеднаш и Москва и Пекинг, пред да присуствува на самитот на НАТО во Вашингтон. Неговата самопрогласена „мировна мисија“ наиде на остри критики од некои водачи на ЕУ, кои го оддалечија блокот од неговите постапки.
Националистот Орбан, кој го поддржува Доналд Трамп на претседателските избори во САД во ноември, изјави денеска дека мирот нема да се постигне без отворени линии на комуникација како со Украина така и со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Масовен хакерски напад врз руски државни медиуми; Украинците: Ние го изведовме
Извор од украинската влада соопшти дека украинските хакери се одговорни за големиот сајбер напад врз руската државна медиумска компанија ВГТРК што се случи денеска, што се совпадна со 72-от роденден на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека ВГТРК била цел на сајбер напад без преседан, додавајќи дека експертите работат напорно за да откријат кој е одговорен и дека ВГТРК работи на надминување на последиците од нападот.
ВГТРК, која ги поседува и управува со главните национални ТВ канали и голем број регионални канали и радио станици, претходно во понеделникот објави дека нејзините интернет-сервиси станале цел на сајбер напад преку ноќ, но дека и покрај тоа, емитувањето на радиото и ТВ преносите функционирале.
„Нашиот државен медиумски холдинг, еден од најголемите, се соочи со невиден хакерски напад врз неговата дигитална инфраструктура. Експертите се обидуваат да ги утврдат сите околности со цел да разберат каде водат трагите што ги оставиле сторителите на овој хакерски напад“, рече тој.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.