Европа
Орбан: Уште еден милион вакцинирани и ги олеснуваме мерките
Премиерот Виктор Орбан денес објави дека Унгарија може да ја почне првата фаза на олеснување на ограничувањата против Ковид-19 откога ќе се вакцинираат уште еден милион граѓани, пренесува „Ројтерс“.
„Постојат добри шанси да нема епидемиолошки ограничувања ова лето“, рече унгарскиот премиер за државното радио, наведува агенцијата.
Орбан рече дека целта е што повеќе имунизирани лица да ја почнат економијата на земјата што е можно побргу, која лани падна 5,1 проценти и дека досега се вакцинирани околу 1,5 милион Унгарци и дека може да почнат со мерките за олеснување кога тој број ќе се зголеми на 2,5 милиона, што е четвртина од вкупното население.
Орбан исто така повтори дека ја поддржува употребата на кинески и руски вакцини против Ковид-19, што неговата земја прва го стори во Европската Унија.
Во Унгарија во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број нови случаи на коронавирус – 10.759, а регистрирани се 213 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број за еден ден, според агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски дрон погоди автомобил кај Харков: три лица загинаа
Во руски напад врз цивилно возило во близина на селото Прудијанка во Харковската област во петокот загинаа три лица, а четворица беа повредени. Веста ја објави на социјалните мрежи Олех Синехубов, началник на Воената администрација на Харковската област, пренесува „Украинска правда“.
Синехубов првично пријави два смртни случаи.
„Руската војска изврши напад со беспилотно летало врз цивилно возило во близина на селото Прудијанка во Харковската област. Две лица беа убиени во непријателскиот напад“, рече тој.
Додаде дека уште четири жени се повредени и се однесени во болница и добиваат потребна медицинска помош. Подоцна потврди дека уште една жена им подлегнала на повредите. „Лекарите се бореа за нејзиниот живот до самиот крај“, напиша Синехубов.
Воената администрација на Харковската област, исто така, објави дека седум населби во регионот биле под руски оган во последните 24 часа, при што пет лица биле ранети.
Европа
Виткоф: Во преговорите меѓу Русија и Украина остана само едно прашање
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за разговорите Украина-Русија, денес нагласи дека останува „само едно прашање“ што може да се реши ако двете страни сакаат.
Виткоф се придружи на панел-дискусија за Украина во Давос, велејќи дека преговорите се „на крајот од процесот“ и дека е „оптимист“.
„Се сведовме на едно прашање, разговаравме за различни верзии од него, што значи дека е решливо“, нагласи американскиот мултимилијардер кој беше назначен за пратеник од Доналд Трамп пред 11 месеци.
„Ако двете страни сакаат да го решат, ние ќе го решиме“, рече тој.
На панел-дискусијата, Виткоф го пофали украинскиот преговарачки тим, со кого „поминал повеќе од сто часа“ од состаноците во Женева.
„Буквално е толку обемно“, рече пратеникот, кажувајќи им на Украинците во салата дека се претставени од „неверојатен преговарачки тим“.
По Давос, Виткоф патува за Москва, каде што е најавен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и за Абу Даби, каде што работни тимови од Украина и Русија работат на преговорите.
„Мислам дека ќе успееме“, ја заврши својата интервенција пратеникот.
Европа
(Видео) Погоден нафтен терминал во Русија, има загинати
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во руската Краснодарска област загинаа две лица, соопшти гувернерот Венијамин Кондратиев доцна вчера вечер.
„Нафтениот терминал моментално е во пламен, погодени се четири резервоари со нафтени производи. 29 парчиња опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации, се ангажирани во отстранувањето на последиците“, рече Кондратиев.
On Wednesday evening, Ukraine carried out strikes on the Tamanneftegaz oil and gas terminal located near the settlement of Volna in Krasnodar Krai, southern Russia.
A video below shows the activity of Russian air defenses in the area and the moment of one of the Ukrainian… pic.twitter.com/GBEXwOiJx1
— Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) January 21, 2026
Тој додаде дека ова е втора ноќ по ред Краснодарската област да биде изложена на напади. Во ноќта од вторник кон среда, беспилотно летало ја погоди рафинеријата Афипски. Во објектот избувна пожар. Тоа е една од најголемите рафинерии во јужна Русија, која и претходно беше цел на напади со беспилотни летала. Пожари беа регистрирани таму и по нападите во септември и ноември минатата година.
Украина ги смета руските енергетски објекти за воени цели бидејќи тие директно ја финансираат војната на Русија против Украина. Киев редовно извршува напади длабоко на руска територија со цел да ги ослабне воените способности на Кремљ.

