Свет
Ослободени сите уапсени за нападот во Лондон

Британската полиција го соопшти идентитетот на двајца од тројцата напаѓачи во Лондон, но ги ослободи сите 12 уапсени во врска со нападот.
Еден од атентаторите во Лондон, како што соопшти истрагата, е 27-годишниот Хурам Шазад Бут, Британец со пакистански корени. Хурам им бил познат на полицијата и на тајната служба МИ5 од порано, но немало знаци дека планира напад. Според британските медиуми, Бут минатата година можел да се види во документарен филм на британската телевизија со наслов „Џихадистите од соседството“.
Името на вториот напаѓач е Рашид Редуан. Полицијата вели дека 30-годишникот, според сопствени наводи, бил „Мароканец или Либиец“. Тој го користел и името Рашид Елкдар и друг датум на раѓање, според кој е на 25-годишна возраст. Редуан и Бут живееле во лондонската населба Баркинг, каде полицијата спроведе неколку рации.
Нападот во Лондон во саботата вечерта го извршија тројца напаѓачи. Тие со транспортно возило прво влетаа во пешаци на Лондон Бриџ, а потоа кај Бороу Маркет излегоа од возилото и без конкретна цел напаѓаа луѓе со ножеви. Во нападот загинаа седум лица, а 48 се повредени. Осум минути по добивањето на повикот за итна помош полицијата ги застрела напаѓачите. Џихадистичката милиција „Исламска држава“ тврди дека нападот е нејзино дело.
Полицијата во врска со нападот уапси 12 лица, но во меѓувреме сите се ослободени без обвинение. Сите беа уапсени во неделата во населбата Баркинг, каде живееле двајца од тројцата напаѓачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Амбасада на САД: Косово и Србија веднаш да се вратат на дијалогот под покровителство на ЕУ

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија ги осуди координираните насилни напади врз косовската полиција во близина на манастирот Бањска.
Амбасадата оцени дека неодамнешните насилни напади врз косовската полиција во близина на манастирот Бањска се неприфатливи.
Nedavni nasilni napadi na Kosovsku policiju kod manastira Banjska su neprihvatljivi. Pozivamo vlade Kosova i Srbije da se uzdrže od poteza kojima bi dodatno povećali tenzije i da se odmah vrate dijalogu pod okriljem EU. https://t.co/pdxJ0wGKoj
— Američka ambasada (@USEmbassySerbia) September 25, 2023
„Ги повикуваме владите на Косово и Србија да се воздржат од потези кои дополнително ќе ги зголемат тензиите и веднаш да се вратат на дијалогот под покровителство на ЕУ“, соопшти американската амбасада на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.
Регион
(Видео) Неколку кајаци се превртеа кај Дубровник, спасени се 8 лица, се трага по уште тројца

Во тек е потрагата на море, надвор од Локрум, каде што се пронајдени неколку превртени кајаци без луѓе. Според првите, неофицијални информации, се трага по повеќе лица. Според неофицијални информации на дубровничкиот дневен весник, некои од туристите кои биле на екскурзија, меѓу кои и едно дете, се пронајдени, а по другите се уште трае потрагата.
Од морето биле спасени осум лица, меѓу кои и едно дете и биле пренесени на безбедно.
Познато е и дека се трага по уште тројца екскурзионисти, но бројот постојано се менува поради наводно сомнителна евиденција која се води за луѓе кои одат на патувања со кајак.
. Се дознава дека се спасени и двајца најверојатно, германски државјани, а четворица од нив се пронајдени во пештерата на Бета.
Околу 15:20 часот во полиција пристигнала пријава од граѓани кои тврдат дека забележале неколку превртени кајаци на отворено море.
Засега не се знае дали луѓето од кајаците исчезнале или пак нашле засолниште и се засолниле од невремето оставајќи ги кајаците зад себе. На терен трагаат припадници на полицијата и на Капетанијата на пристаништата, вработени во Локрум, како и дел од граѓаните кои запловиле со чамци.
Свет
Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина

Американските тенкови Амбрас пристигнаа во Украина, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Добри вести од министерот за одбрана Умеров. Тенковите Абрамс веќе се во Украина и се подготвуваат да ги засилат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови од типот Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела.
Украинскиот претседател минатата недела објави дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.