Контакт

Вести

Осуда од Белата куќа за нападот во Истанбул

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на САД, Барак Обама, изрази сочувство за загубата на невини човечки животи и издаде наредба до својот тим да им пружи помош на турските власти доколку имаат потреба од тоа, изјави портпаролот Ерик Шулц.

„Белата куќа остро го осуди нападот во Истанбул и повторно ја потврди поддршката за Турција во борбата против тероризмот. Претседателот на САД во заминување Барак Обама изрази сочувство за загубата на невини човечки животи и му нареди на својот тим да им пружи помош на турските власти доколку имаат потреба од тоа“, изјави портпаролот Ерик Шулц.

Претседателот, кој е на одмор на Хаваите, бил информиран од советниците за национална безбедност за нападот во Истанбул, во кој загинаа 39 лица.

„Нашите мисли се со жртвите и нивните блиски. Продолжуваме да работиме за спречување на оваа трагедија, напиша на Твитер високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ“, Федерика Могерини.

Сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на семејствата на загинатите им изрази и азербејџансиот претседател Илхам Алиев./крај/мф/бб

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Шведска има проблем со криминал и престрелки, дури 62.000 луѓе се поврзани со банди

Шведската полиција вчера соопшти дека во таа земја има околу 62.000 луѓе кои се поврзани со криминални мрежи, пишува Ројтерс....

Македонија2 часа

Над 1000 потписи имаат Османи, Ванковска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи

Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од...

Македонија3 часа

(Видео) Џафери направи увид на патот Кичево-Дебар: Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните

Патот Кичево – Дебар би требало да биде завршен до крајот на годинава, најави денес техничкиот премиер Талат Џафери, откако...

Свет4 часа

Експлозии во Русија: Погодена челичарницата на еден од најбогатите Руси

Експлозии погодија руска фабрика за челик по наводен напад со дрон. Во последните месеци има зголемување на нападите со беспилотни...

Свет7 часа

(Видео) Пожар избувна во огромна зграда во Кина, има 15 загинати, а сомнежот е дека се запалил електричен велосипед

Петнаесет луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните...

Свет9 часа

(Видео) Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за...

Македонија10 часа

По повод Светскиот ден на туристички водичи: Бесплатно разгледување на Скопје, Охрид и Битола

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град...

Македонија10 часа

РЦУК: Дел од Општина Карпош без струја

Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани околу пералната „Smartwash“ на крстосницата...

Македонија11 часа

Бојмацалиев: Од октомври до сега на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев преку соопштение од МВР информира дека иселеници, македонски граѓани кои живеат во...

Македонија11 часа

Времето денеска променливо облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови...

Македонија1 ден

СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да...

Македонија1 ден

Матичните бараат да им се одврзат рацете за рано да откриваат ретки болести: имаме ограничен пристап до лабораториски анализи

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по...

Топ1 ден

Пукање среде бел ден во угостителски објект во Чаир, маж застрелан во ногата

Маж бил застрелан во ногата во угостителски објект вчера на пладне во скопската населба Чаир. „Полицијата го приведе А.К.(36) од...

Македонија1 ден

Укинат притворот за шестемина осомничени за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, достави предлози...

Македонија1 ден

Ковачевски ја праша опозицијата кое им е мислењето за уставното име: Или Северна или никогаш Северна, ако си маж, биди маж до крај

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека рокот на траењето на патните исправи за меѓународна употреба е согласно закон, усогласен...

Македонија1 ден

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници, кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се...

Македонија1 ден

На Ковачевски не му е незгодно што побарал апанажа, вели: сѐ е според законот

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој беше во посета на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ Желино, на прашањето дали не му...

Македонија1 ден

Бараме масивна поддршка од Албанците за Османи за да ни се овозможи да го измениме Уставот, вели Арбер Адеми

„Демократска Унија за Интеграција, како што најави во текот на вчерашниот ден лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи...

Македонија1 ден

Прилепчанецот што исчезна пред два дена пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Александар Јошески од Прилеп, кому му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат. На „Фејсбук“ се огласи и...

Македонија1 ден

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“. Повредите на Македонката, како...