Свет
Осуммина мртви при напад на бомбаш самоубиец на предизборен митинг во Авганистан
Во експлозија предизвикана од бомбаш самоубиец на денешниот предизборен митинг во Лашкарагах, главниот град на авганистанската провинција Хелманд, загинаа најмалку осум лица, а уште 10 се повредени, објавија авганистански официјални лица, а пренесе „Ројтерс“.
Се тврди дека меѓу ранетите е и кандидатот за пратеник, Салех Мохамед Ахекзаи.
Парламентарните избори во Авганистан се закажани за 20 октомври, а агенцијата потсетува дека Хелманд, кој се наоѓа на границата со Пакистан, е една од провинциите со најголема долгогодишна активност на талибанските бунтовници, кои повикуваат на бојкот на изборите и сметаат дека протерувањето на странските воени трупи е единствен начин за завршување на 17-годишната војна во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

