Контакт

Европа

Осуммина пациенти со Ковид-19 загинаа во пожар во турска болница

Објавено пред

Осум лица загинаа денеска во пожар што избувна на оддел за интензивна нега за лекување на пациенти со Ковид-19, во приватна болница на југот од Турција.

Новинската агенција „Анадолија“ објави дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.

Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти биле префрлени во други болници, пренесува АП.

Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за овој случај е во тек.

Властите велат дека во одделенијата за интензивна нега во Турција, поради пандемијата, пополнети се 74 проценти од капацитетите, но здруженијата на лекари тврдат дека болниците се веќе полни.

Досега во Турција регистирирани се 1,98 милион заразени, а починале 17.610 заболени од Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Унгарија прелиминарно ги одобри вакцините на „Астра зенека“ и руската „спутник В“

Објавено пред

Унгарската агенција за лекови даде прелиминарно одобрување за употреба на вакцините против коронавирусот на „Астра зенека“ и руската „спутник В“, изјави денеска Ѓерѓ Гулијаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, потврдувајќи ги извештаите во медиумите.

Според него, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, подоцна денес ќе отпатува за Москва да разговара за вакцината против коронавирусот.

Доколку обезбеди договор за пратка со Русија, Унгарија ќе биде првата земја членка на ЕУ што ќе ја добие вакцината „спутник В“ иако Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила руската вакцина.

Прикажи повеќе...

Европа

Холандија првпат по Втората светска војна воведува полициски час

Објавено пред

Холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, изјави дека сака да го спречи третиот бран на коронавирусот поради што ќе се воведе полициски час од 20.30 до 4.30 часот наутро. Ова е првпат по Втората светска војна, холандската влада да предложи полициски час.

Руте рече дека полицискиот час ќе биде воведен веднаш штом одлуката биде одобрена во парламентот, пренесува холандската телевизија „Нос“. Тој додаде дека за време на полицискиот час движењето на луѓето на улица ќе биде целосно забрането, со некои исклучоци, како што се работа или прошетка на кучиња. Казната за кршење на полицискиот час ќе биде 95 евра.

Руте исто така рече дека забраната за летови кон Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка ќе биде воведена од сабота.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија почина човек вторпат заразен од коронавирус

Објавено пред

Во Германија е регистриран прв смртен случај по втората зараза од коронавирус, што е трет случај од ваков вид во светот.

Починатиот првпат заболел од коронавирус во април минатата година, а вторпат во декември. Тој не ја преживеа втората инфекција.

Починатиот човек живеел во областа Фројденштат, објавија здравствените власти на Штутгарт.

„Пациентот починал од Ковид-19 поради пневмонија и сепса, му откажале повеќе органи“, објавија надлежните органи.

Станува збор за маж на возраст од 73 години, кој, по првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.

Германските власти посочуваат дека се мали шансите некој вторпат да се зарази од коронавирус, но има индивидуални случаи кога пациентите не создале доволно антитела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Филипче: Првите вакцини од „Фајзер“ и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината од „Фајзер“, која...

Македонија3 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија3 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Свет4 часа

(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

Пожар избувна во производствен капацитет што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија (СИИ),...

Македонија4 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија5 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија5 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија6 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа6 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет7 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија8 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет19 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет20 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет22 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија22 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт23 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија23 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија24 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија1 ден

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Досие