Свет
Осумнаесетмина уапсени за соработка со мафијата во Калабрија
Италијанската полиција во Реџо Калабрија во голема рација во понеделникот уапси 18 лица под сомнение за активностите поврзани со мафијата, а меѓу уапсените е и градоначалникот на Делијануова, Франческо Роси, пренесува „Локал“. Уапсени се и двајца локални бизнисмени.
Обвиненијата против осомничените членови и соработници на кланот Алваро ди Синополи вклучуваат поврзаност со мафијата, изнуда, тешка измама и измамнички трансакции со мафијашки методи и цели, пренесува „Газета дел суд“.
Роси, кој пред три години беше избран за градоначалник на Делијануова, е обвинет за злоупотреба на функцијата за нелегално доделување тендери и за дистрибуција на државните финансии на кланот.
Рацијата спроведна од Единицата за истраги на Реџо Калабрија и координирана од заменик-обвинителот Калоџеро Гаетано Пачи и заменик-обвинителот Џулија Пантано е кулминација на петгодишната истрага што почна во 2013 година. За да се соберат разузнавачките информации потребни за спроведување на апсењата, полицијата набљудувала една куќа во областа Синополи обележана како нервен центар за нелегалните активности на кланот.
Калабриската мафија Ндрангета е малку позната надвор од Италија отколку сицилијанската Коза Ностра и од неаполската Камора, но има значителен успех последниве години координирајќи се со меѓународни криминални мрежи и од 2000 година наваму стана најмоќна во Италија.
Нејзините припадници се прославија во Италија во 70-тите години со киднапирањето богати Италијанци од северот за откуп и се верува дека стојат зад озлогласеното киднапирање и осакатување на тогаш 16-годишниот Џон Пол Гети Трети, како и зад убиството на словачкиот новинар Јан Кучак во февруари годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

