Контакт

Свет

Осумнаесетмина уапсени за соработка со мафијата во Калабрија

Објавено пред

Италијанската полиција во Реџо Калабрија во голема рација во понеделникот уапси 18 лица под сомнение за активностите поврзани со мафијата, а меѓу уапсените е и градоначалникот на Делијануова, Франческо Роси, пренесува „Локал“. Уапсени се и двајца локални бизнисмени.

Обвиненијата против осомничените членови и соработници на кланот Алваро ди Синополи вклучуваат поврзаност со мафијата, изнуда, тешка измама и измамнички трансакции со мафијашки методи и цели, пренесува „Газета дел суд“.

Роси, кој пред три години беше избран за градоначалник на Делијануова, е обвинет за злоупотреба на функцијата за нелегално доделување тендери и за дистрибуција на државните финансии на кланот.

Рацијата спроведна од Единицата за истраги на Реџо Калабрија и координирана од заменик-обвинителот Калоџеро Гаетано Пачи и заменик-обвинителот Џулија Пантано е кулминација на петгодишната истрага што почна во 2013 година. За да се соберат разузнавачките информации потребни за спроведување на апсењата, полицијата набљудувала една куќа во областа Синополи обележана како нервен центар за нелегалните активности на кланот.

Калабриската мафија Ндрангета е малку позната надвор од Италија отколку сицилијанската Коза Ностра и од неаполската Камора, но има значителен успех последниве години координирајќи се со меѓународни криминални мрежи и од 2000 година наваму стана најмоќна во Италија.

Нејзините припадници се прославија во Италија во 70-тите години со киднапирањето богати Италијанци од северот за откуп и се верува дека стојат зад озлогласеното киднапирање и осакатување на тогаш 16-годишниот Џон Пол Гети Трети, како и зад убиството на словачкиот новинар Јан Кучак во февруари годинава.

Свет

Две лица во Иран починаа од коронавирус

Објавено пред

Две лица починаа од коронавирус во Иран, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Мухамед Риза Кадир, ректор на Медицинскиот универзитет во градот Ком, изјави за иранските медиуми дека во изминатите четири дена има зголемување на бројот на пациенти кои се жалат на проблеми со дишењето.

Тој рече дека една болница во Ком е опремена за борба против ширењето на опасниот вирус, и дека друга болница ќе биде ангажирана по потреба.

Коронавирусот првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан. Во Кина досега починале 2.005 луѓе, а заразени се 74.185 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Објавено пред

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела виолина.

Лекарите го мапирале мозокот на виолинистката Дагмар Тарнер (53) пред операцијата за да ги идентификуваат реоните кои биле активни додека свири и оние кои се одговорни за контрола на говорот и на движењата на нејзините екстремитети.

Тие ја разбудиле среде постапката за да свири за да бидат сигурни дека нема да ѝ оштетат ниту едно клучно подрачје на мозокот кое ги котролира нејзините движења на рацете.

„Знаевме колку ѝ е важна виолината, па беше од витално значење да ја зачуваме функцијата на деловите на нејзиниот мозок кои ѝ овозможуваат да свири“, рекол професор Кејумарс Ашкан, нејзиниот неврохирург.

Тој додал дека успеале да отстранат повеќе од 90 отсто од туморот, задржувајќи ја полната функција на рацете.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Објавено пред

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата на Украина.

Откако ќе слета во Киев, тој со останатите патници, ќе биде пренесен со посебен превоз до медицинската установа „Медобори“ во градот Конопкивка, на 423 километри од Киев, каде ќе помине 14 дена во задолжителен карантин, по што ќе може да го продолжи своето патување во Црна Гора.

Покрај Црногорецот, во авионот на посебниот лет имало и украински државјани, државјани на Панама, Израел, Ел Салвадор, Аргентина, Казахстан и Шпанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ9 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија11 час

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија11 час

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ12 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија13 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија14 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија14 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија14 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет14 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија16 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија17 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија17 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија17 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија18 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет18 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет18 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион19 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион19 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет20 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Досие