Свет
Отворен „Дизниленд“ во Шангај, билетите распродадени за неколку минути
„Дизниленд“ во Шангај ги отвори своите врати за посетителите по повеќе од три месеци од затворањето поради епидемијата на коронавирусот. Забавниот парк е затворен од 25 јануари кога биле регистрирани првите случаи на Ковид-19.
Паркот е преполн со посетители, кои резервирале билети уште минатата недела. Секој што дошол морал да помине проверка пред да влезе. На сите им била измерена температурата и морало да имаат потврда од надлежните дека не се болни.
Насекаде во паркот има редари што ги опоменуваат посетителите да стават маски и да се придржуваат кон пропишаната дистанца.
Во целиот „Дизниленд“ се поставени жолти панделки, така што посетителите знаат каде да чекаат во ред. Во паркот постојано се врши дезинфекција, а доколку е потребно, сe откажуваат одредени ревии ако има премногу луѓе.

Билетите биле распродадени за неколку минути, соопштија од паркот.
„Иако многу делови од паркот сè уште се затворени, ние сме радосни што ‘Дизниленд’ повторно работи“, рече мајката која дошла во паркот со својата петгодишна ќерка.
Повеќето од посетителите рекоа дека дошле во паркот затоа што, по двомесечниот карантин, сакаат да се забавуваат.
Менаџментот на „Дизниленд“ соопшти дека постепено ќе ги отворат сите сегменти на забавниот парк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

