Свет
Откриени детали: постоел план за киднапирање на Навални од затворот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/navalni.jpg)
Руската ќелија, која дејствува против Путин, соопшти дека планирала да го ослободи опозицискиот активист Алексеј Навални од затворски логор.
Ова го соопшти „Рускиот волонтерски корпус“ (РДК), ултранационалистичка група на отпор, чии членови се борат и против руските војници во Украина. Како што е наведено, борците од РДК, заедно со „приврзаниците од редовите на органите на прогонот“, развиле план за насилно ослободување на Навални, пренесува „Билд“.
Планот бил борците да го нападнат конвојот што го превезувал Навални до колонијата ИК-3, која е оддалечена околу 1.900 километри од Москва.
„Планот беше нашите групи да го извлечат Алексеј Навални од конвојот додека тој се движеше кон колонијата во областа Јамал-Ненец, а потоа веднаш да го префрлиме во граничната област. Требаше да одиме во Украина за да се сретнеме со разузнавачката група на РДК со цел да ја премине границата и да добие азил“, се наведува во соопштението.
Сепак, тие не успеаја да го спроведат својот план. Според извештаите, безбедносните мерки на руската тајна служба и затворското обезбедување биле организирани за да се спречи ваквото сценарио и биле многу ефикасни во тој поглед.
Како што е наведено, неколкупати се менувале денот и времето на префрлање во колонијата.
„Кога Навални на крајот беше префрлен во колонијата, нашата група немаше време да стигне до таа област и да ја спроведе операцијата според планираното“, велат тие.
Во моментот на смртта на Навални, РДК наводно го преиспитувала и го приспособувала планот на новите околности.
Групата објавила и неколку снимки, на кои наводно се гледа Алексеј Навални во казнената колонија, каде што бил држен пред да биде префрлен во логорот на „Поларен волк“.
На едната фотографија наводно е прикажан Навални во затворската просторија за шиење, а на другата е во канцеларијата на затворскиот управник. РДК објави и план за локацијата на казнената колонија, како и податоци за вработените во затворот.
Но, Навални не беше извлечен од затворот. Тој почина на 16 февруари кога, според руските власти, му се слошило по прошетка.
Семејството на Навални и многубројни западни функционери директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални. Кремљ ги нарече овие наводи апсурдни.
„За жал, не успеавме да го спасиме Алексеј. Но, стотици политички затвореници остануваат во заробеништво. Веруваме и работиме да ги извадиме од канџите на режимот, вака или онака“, се вели во соопштението на РДК.
Борците од екстремно десничарската РДК се приклучија на украинската армија за да се борат против Русија. Минатата година борците неколкупати влегуваа во Русија и водеа битки со руските сили. Ништо не се знае за врските меѓу РДК и организацијата на Навални, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Олимписки игри во Париз 2024: церемонијата на отворање започна со пловење по Сена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-213525-1.jpg)
Олимписките игри во Париз беа свечено отворени со свечена церемонија која се разликува од сите досегашни, бидејќи парадата на најдобрите спортисти на планетата првпат не беше организирана на стадионот.
Овие, 33. Олимписки игри, беа отворени со пловење по реката Сена, каде што повеќе од 10.000 спортисти од светот во чамци им мавтаа на стотици илјади гледачи на брегот на познатата река што тече низ главниот град на Франција.
Со димни сигнали во боите на француското знаме, настапот на Лејди Гага, американската пејачка и стотици танчерки на бреговите и мостовите, првите натпреварувачи беа од Грција што испловија по Сена, што е обичај во најголемиот светски спортски настан, кој потекнува од таа европска земја.
Дожувувањето на стотици илјади гледачи низ Париз донекаде го расипа дождот, кој паѓаше цел ден во француската престолнина.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Свет
(Видео) Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-195828.jpg)
Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.
„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.
A powerful explosion took place in a high-rise building in the Russian city of Ulyanovsk
Three apartments in a residential building caught fire at once. Residents of the upper floors are waving their hands and asking for help from rescuers. An evacuation is underway.
According… pic.twitter.com/NNmcy6scfu
— NEXTA (@nexta_tv) July 26, 2024
Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.
🇷🇺 A high-rise building is on fire in Ulyanovsk.
A fire broke out on the third floor of a building on Korunkova Street. According to the Base, three apartments are on fire. The entrance was heavily smoky and all residents were evacuated from the house. pic.twitter.com/7JzpTz1sg5
— * (@V141NGs) July 26, 2024
Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.
Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. „Некста“, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтале со рацете и побарале помош од спасувачите.