Европа
Откриени шест типа на коронавирус, исипот на кожата доминантен симптом
Според експертите, коронавирусот се појавува во шест верзии. Новите откритија, според авторот на студијата, Клер Стивс од Кралскиот колеџ во Лондон, ќе помогнат во натамошната пракса за време на вториот бран на епидемијата.
Студијата утврдила на кои пациенти ќе им биде потребна хоспитализација уште на самиот почеток на откривање на болеста или, пак, респиратор. Раното откривање на ризиците ќе помогне да се спасат човечки животи.
Повеќе од 45.000 луѓе починале во Велика Британија како резултат на инфекција со коронавирус, а најновата студија дава увид во тоа како лекарите ќе ги третираат пациентите во иднина.
Научниците велат дека пациентите од досегашната пракса развиле цел спектар симптоми – од главоболки, болки во мускулите, слабост и чувство на несигурност и конфузија. Истражувањата покажаа дека коронавирусот се појавува во шест форми, пренесува „Блиц“.
Како грип, но нема температура
Инфицираните луѓе во оваа група имаат главоболки, губење на чувството за мирис и вкус, болка во мускулите, кашлица, црвено грло, болка во градите, но немаат треска.
Како грип, но со треска
Пациентите во оваа група ги имаат истите симптоми како и во претходната, само со треска и губење на апетитот.
Гастроентеролошки вирус
Пациентите во оваа група ќе имаат симптоми, како што се главоболка, губење на чувството за мирис и вкус, губење на апетитот, дијареја, црвено грло, болка во градите, без кашлање.
Тешка болест ниво 1 – слабост
Покрај главоболка, губење на чувството за вкус и мирис, проблеми со апетитот, дијареја, црвено грло, имаат и симптом на болка во градите, без кашлица.
Тешка болест ниво 2 – конфузија
Истите симптоми како и во претходните групи, проследени со слабост, несвестица, болка во мускулите и чувство на конфузија.
Тешка болест ниво 3 – проблеми со стомакот и респираторни проблеми
Во најтешката форма, покрај сите горенаведени симптоми, се појавува и краток здив, силна болка во стомакот, висока температура и интензивна кашлица.
Научниците велат дека главоболката е еден од доминантните симптоми на Ковид-19 во најновите истражувања. Меѓу другото, Кралскиот колеџ наведува дека исипот на кожата се појавува како еден од доминантните симптоми на инфекцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

