Свет
Откриен еден од организаторите на убиството на претседателот на Хаити
Хаитската полиција соопшти дека уапсила еден од осомничените организатори на атентатот врз претседателот Жовел Моиз.
Станува збор за државјанин на Хаити, за кого властите се сомневаат дека ангажирал платеници за извршување на атентатот и дека имал намера да го замени Моиз на позицијата шеф на државата.
Моиз беше убиен во средата во неговиот дом во главниот град Порт-о-Пренс, а властите наведуваат дека во атентатот учествувале 26 Колумбијци и двајца Американци од Хаити, пренесува „Ројтерс“.
Директорот на полицијата, Леон Чарлс, на прес-конференција рече дека уапсен е Кристијан Емануел Санон (63), кој со приватен авион дошол на Хаити на почетокот на јуни, придружуван од изнајмено обезбедување, и сакал да стане претседател на државата.
Директорот не кажа детали за мотивите на Санон, освен дека се политички мотивирани, додавајќи дека еден од уапсените порано за учество во атентатот го контактирал по апсењето.
Вашингтон го одби барањето на Хаити да испрати трупи до нив, иако висок американски официјален претставник во неделата рече дека ќе испрати технички тим за проценка на ситуацијата. Претходно, полицијата уапси 18 Колумбијци и тројца Американци со потекло од Хаити.
Пет Колумбијци се во бегство, а тројца се убиени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

