Свет
Палестинската Самоуправа ги обнови контактите со американската администрација
Премиерот на Палестинската Самоуправа, Мохамед Штајех, во понеделникот на својот неделен состанок на владата објави продолжување на контактите со Вашингтон, пренесува „Ал-Кудс ал-Араби“.
Штајех рече дека разговарал со заменикот на помошник-државниот секретар за израелско-палестински прашања, Хади Амро.
„Разговаравме за начините за продолжување на палестинско-американските односи, вклучително и отворање дипломатски и конзуларни канцеларии, како и продолжување на американската помош, поддршка на УНРВА и продолжување на мировниот процес“, рече тој.
Претседателот на Палестинската Самоурава, Махмуд Абас, ги прекина контактите со САД по одлуката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел во декември 2017 година.
Според Штајех, тој му рекол на Амро дека Абас е подготвен да почне политички процес заснован на меѓународен легитимитет и меѓународното право и со посредство на меѓународниот квартет.
Како одговор Амро рекол дека американската администрација постепено ќе се посвети на своите обврски преземени за време на изборната кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

