Свет
Палестинскиот Исламски џихад се сретна со руски официјални лица во Москва

Висока делегација на Исламскиот џихад во Палестина пристигна во Москва во понеделникот за да разговара за палестинската кауза со руски официјални лица, потврди организацијата во соопштението за медиумите, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Исламскиот џихад посочи дека добиле официјална покана од руското Министерство за надворешни работи да ја посетат Москва за оваа цел. Во делегацијата е генералниот секретар на организацијата, Зијад ал-Нахалах.
„Ќе разговараме за меѓусебните односи што им служат на интересите на Палестинците, ќе мобилизираме меѓународна поддршка за нашите легитимни национални права и ќе бараме начини да се соочиме со политиките на израелската окупација“, велат од движењето.
Минатата недела Русите имаа дискусии со Хамас, вели Муса Абу Марзук од Политичкото биро на движењето. Москва одржа состаноци со официјални лица од неколку палестински фракции за да разговара за напорите за помирување.
Михаил Богданов, заменик-министер за надворешни работи на Русија и специјален претставник на претседателот за Блискиот Исток и Африка, ја предводи иницијативата за комуникација со палестинските фракции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајната служба уништила мрежа на електронски уреди во Њујорк

=Американската тајна служба соопшти дека е уништена мрежа на софистицирани електронски уреди во Њујорк, кои биле користени за закани кон високи владини претставници. Акцијата се одвивала во период кога странски лидери престојуваат во градот поради заседанието на Генералното собрание на ОН.
Уредите биле пронајдени во круг од 56 километри од седиштето на ОН, каде американскиот претседател Доналд Трамп треба да одржи говор. Според првичните анализи, станувало збор за мобилни комуникации меѓу „непријателски актери“ и лица познати на федералните органи за спроведување на законот.
Во операцијата биле запленети повеќе од 300 SIM сервери и 100.000 SIM картички на неколку локации. Тајната служба оцени дека оваа инфраструктура претставувала „непосредна закана“ за безбедносните задачи на агенцијата.
Според соопштението, хардверот можел да се користи за различни телекомуникациски напади – од оневозможување на мобилни базни станици и DoS кибер-напади, до овозможување анонимна и криптирана комуникација меѓу потенцијални непријателски актери и криминални структури.
Мрежата се простирала низ три држави – Њујорк, Конектикат и Њу Џерси.
Свет
(Видео) Макрон му се јави на Трамп: Чекам на улица, сè е блокирано поради тебе

Францускиот претседател Емануел Макрон накратко заглави во сообраќај во Њујорк откако полицијата ги затвори улиците заради безбедносниот кордон на американскиот претседател Доналд Трамп.
Макрон, кој престојува во Њујорк за 80. заседание на Генералното собрание на ОН, бил на пат кон француската амбасада кога возилото во кое се возел било запрено. Според „La Depeche“, францускиот лидер дури пришол до полицаец за да праша за блокадите.
New York police stopped Macron’s motorcade to let Trump pass
In New York, police stopped the French president’s motorcade as the road was closed for Trump’s passage. Macron got out of the car, called Trump, and jokingly asked him to “clear the way.” pic.twitter.com/qO170xUpy5
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 23, 2025
На видеото се гледа како Макрон во шега му се јавува на Трамп и му вели: „Како си? Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе.“
Потоа, Макрон продолжил пеш околу 30 минути низ улиците на Њујорк додека разговарал со Трамп. Во меѓувреме, се фотографирал со минувачи, а една личност дури го бакнала во челото.
Свет
НАТО: Руските МиГ-ови во естонскиот воздушен простор не беа непосредна закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека руските борбени авиони МиГ-31, кои неодамна влетаа во естонскиот воздушен простор, не биле проценети како непосредна закана.
Руте одржа прес-конференција по состанокот на Северноатлантскиот совет, свикан на барање на Естонија која се повика на член 4 од Вашингтонскиот договор. Таа побара консултации откако три руски авиони без одобрување го нарушија нејзиниот воздушен простор.
„Одлуките за можен ангажман, вклучително и отворање оган, се носат врз основа на достапни разузнавачки податоци и процена на ризикот,“ изјави Руте. Тој додаде дека авиони на НАТО веднаш ги пресретнале руските МиГ-ови и ги „отпратиле без ескалација“.
Во заедничка изјава, НАТО потврди дека сојузниците ќе ги користат сите потребни воени и невоени средства за одбрана и одвраќање на закани, додавајќи дека преданоста кон членот 5 останува непоколеблива.
Руте, одговарајќи на прашања на новинарите, рече дека е прерано да се каже дали Русија е поврзана со неодамнешната појава на дронови во Копенхаген, поради што кратко време беше затворена аеродромската зона.