Европа
Пандемијата се враќа на голема врата во Европа – бројот на заразени расте во целиот континент

Војната во Украина за извесно време ја „укина“ короната бидејќи светските медиуми го насочија вниманието во друга насока, но пандемијата се враќа во сферите на интерес на голема врата.
Во Западна Европа се создава нов бран, а главен виновник е омикронската подваријанта БА.2. Веќе се појавува нова форма BA.3. Во Франција има и до 150.000 заразени дневно, што е зголемување од 42 % за една недела.
Скока бројот на заразени и во Велика Британија, Холандија, Австрија, Италија. Во последните денови во Германија секојдневно има над 300.000 заразени лица. Аларм се огласи и во Азија. Хонг Конг повеќе не може да ја спроведе стратегијата нулта Ковид, а во последно време се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи дневно. Од вчера во Шангај повторно е воведен карантин по сектори.
Се посочува дека БА.2 е 30 проценти позаразна од претходната варијанта, но нема сигурни податоци дека може да биде поопасна.
Повеќето западноевропски земји целосно ги укинаа мерките. Во Франција, покрај укинувањето на пропусницата за вакцинација, носењето маска во затворени простории е укинато од средината на март и покрај предупредувањата дека тоа може да доведе до нагло зголемување на бројот на нови пациенти.
Светската здравствена организација ги критикуваше земјите што предвреме се опуштија.
Француските власти се потпираат на процените на Институтот „Пастер“ дека зголемувањето би можело да трае само до крајот на овој месец кога повторно се очекува значително намалување, но тоа не е така.
Австрија е првата западноевропска земја што ги повлече сопирачките и ги врати маските од типот FFP2 во затворени простории. Во оваа земја задолжителна е и карта за вакцинација. Маските се задолжителни во затворени простории и во Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Полска, Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.