Свет
Папата со порака до светските лидери: Војната раѓа војна
Папата Франциско го осуди убиството на Палестинците во близина на границата на Израел и Појасот Газа и повика на дијалог за правдата и мирот да преовладаат на Блискиот Исток.
Обраќајки се пред десетиците илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата предупреди дека убиствата ќе доведат до уште повеќе насилство.
„Повторувам дека употребата на насилството никогаш не носи мир. Војната раѓа војна и насилството раѓа насилство“, порача тој.
Поглаварот на Римокатоличката црква, кој ги посети израелската и палестинската територија во 2014 година, ги повика двете страни и меѓународната заедница двојно да ги зголемат напорите за да преовладаат дијалогот, правдата и мирот.
Тој рече дека е многу загрижен за крвопролевањето и додаде оти чувствува голема болка поради убиените, повредените и сите оние што страдаат.
Во протестите организирани поради преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим дојде до тешко насилство кога израелската војска отвори оган врз демонстрантите, при што беа убиени 58 Палестинци, а повредени најмалку 2.700 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

