Свет
Состанок на арапските министри поради немирите во Газа
Арапските министри за надворешни работи ќе одржат итен состанок на Арапската лига поради израелско-палестинската криза, изјави извор од тоа регионално тело.
Средбата ќе се одржи по барање на Саудиска Арабија, а нејзина цел е да се изрази противење и револт кон израелската агресија врз палестинскиот народ и нелегалната одлука на САД да ја преселат Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
Состанокот на постојаните претставници на Арапската лига закажан за денеска ќе биде подготвителен состанок за седницата в четврток, додава изворот. На него најмногу ќе се дискутира за американската одлука за преселба на Амбасадата, потег што генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, го квалификува како јасно кршење на меѓународното право.
Генералниот секретар на Арапската лига исто така жестоко го осуди, како што рече, израелскиот масакр врз Палестинците во Газа, кој се случи во вторникот.
Најмалку 60 Палестинци загинаа од почетокот на протестите што избија во Газа во понеделникот поради одлуката за отворање на американска амбасада во Ерусалим. Повод за протестите беше и одбележувањето на „накба“, или како што ја опишуваат Палестинците, катастрофата од 15 мај 1948 година кога многу Палестинци биле принудени да ги напуштат своите домови при официјалното формирање на државата Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.
Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.
Двајца полковници обвинети за предавство
Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.
Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.
Свет
Стинг и „Колдплеј“ бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт
Активистите за човекови права, заедно со 100 музичари, вклучувајќи ги Стинг и „Колдплеј“, бараат ослободување на иранскиот рапер Тумај Салехи, осуден на смрт поради поддршка на масовните протести во Иран есента 2022 година. „Смртната пресуда на Салехи е кулминација на три години судско вознемирување вклучувајќи апсење, затворање и тортура“, се вели во петицијата на лондонската организација Index on Censorship.
Во многу од неговите песни пејачот го привлече вниманието на состојбата со човековите права во Иран. Во октомври 2023 година на Салехи му беше доделена наградата за слобода на изразување од страна на Index on Censorship.
„Мора да се дозволи уметноста да критикува, провоцира, преиспитува и предизвикува авторитет“, велат потписниците.
„Ниту еден уметник не треба да биде подложен на каков било вид судско малтретирање поради остварување на своето право на слобода на изразување, а камоли да биде осуден на смрт“.
Смртната казна за Салехи беше објавена на крајот на април. Оваа вест предизвика незадоволство во Иран и други земји во светот. Властите донесоа одлука во врска со поддршката на Салехи за масовните протести во Иран во есента 2022 година. Во минатото раперот со своите текстови ги критикува социјалните и политичките проблеми во земјата.