Европа
Папата Франциско: Сите земји да го потпишат договорот за забрана на нуклеарно оружје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ги повика сите држави да му се приклучат на договорот на Обединетите нации за забрана на нуклеарно оружје истакнувајќи дека таквата забрана е неопходна за зачувување на светскиот мир денес.
„Силно ги охрабрувам сите држави и сите луѓе решително да работат на унапредување на условите неопходни за свет без нуклеарно оружје придонесувајќи за унапредување на мирот и мултилатералната соработка, што на човештвото денес му се толку многу потребни“, рече папата Франциско осврнувајќи се на договорот за време на неговото редовно неделно обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје стапува во сила в петок и досега го ратификуваа 86 држави, а беше инициран од Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦА), која ја доби Нобеловата награда за мир во 2017 година.
САД, Велика Британија, Франција и другите нуклеарни сили не го потпишаа договорот и ги бојкотираа преговорите што доведоа до него, соопшти агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија, Венди Баркли.
Баркли е раководителка на одделот за заразни болести при Кралскиот колеџ во Лондон, а денеска им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е оти ќе биде можно комбинирање на вакцината против сезонски грип со вакцината против Ковид-19, објави Си-ен-ен.
„Верувам дека в година навистина ќе видиме повеќе напредок во епидемиологијата во однос на тоа како може да се запрат новите видови на коронавирусот, односно колку бргу тие може да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така, ќе знаеме колку траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно и колку долго ќе биде потребно за да се направат поефикасни“, рече Баркли.
Европа
Чешка со 15.000 нови случаи, Бабиш вели: „Нè чекаат пеколни денови“

Чешка мора да ги заостри мерките за борба против пандемијата и да спречи катастрофа во болниците, рече денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш, а Полска најави дека повторно ќе воведе строги ограничувања на североистокот на земјата.
Чешка во вторникот пријави повеќе од 15.000 нови инфекции со коронавирус, најмногу по 6 јануари, и има најбрзо ширење на инфекцијата во Европа, со стапка на нови инфекции на жител повеќе од шест пати поголема од Германија во последните две недели.
Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат во тешка состојба, се искачи на рекордни 1.389, така што во земјата со 10,7 милиони жители веќе алармантно се намалува бројот на слободни болнички кревети.
Некои клиники мораа да ги префрлаат пациентите во други болници, а министерот за здравство предупреди дека во следните недели нема да има повеќе места во болниците. Владата размислува да побара од Германија да ѝ помогне во грижата за некои пациенти.
Земјата пријави вкупно 1,18 милион заразени и 19.682 смртни случаја од почетокот на пандемијата.
Бабиш рече дека ситуацијата е сериозна. „Нè чекаат пеколни денови“, нагласи тој на прес-конференција.
Владата во текот на денот треба да разгледа можни нови мерки. Бабиш рече дека Министерството за здравство ќе предложи ограничувања, но не сакаше да навлегува во детали.
Европа
Отстранета последната статуа од фашистичкиот диктатор Франко во Шпанија

Отстранета е последната статуа на генералот Франциско Франко на шпанска територија, откако шпанската енклава Мелила гласаше за отстранување на споменикот подигнат на тој фашистички диктатор.
Работниците го уништија постаментот и ја одзедоа статуата што стоеше на портите на градот на северозападниот брег на Африка, пренесе Би-би-си. Само крајно десничарската партија Вокс во Мелила гласаше против нејзино отстранување.
Елена Фернандес Тревино од Собранието го опиша отстранувањето на статуата на Франк од енклавата како историски ден. Таа рече дека тоа е единствената статуа посветена на шпанскиот диктатор што е во јавната сфера во Европа.
Генералот Франко управуваше со Шпанија од 1939 година до неговата смрт во 1975 година.
Повеќе од 30.000 луѓе загинаа во Шпанската граѓанска војна, која траеше од 1936 до 1939 година, во која националистичките сили на Франко ја поразија републиканската влада.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер