Европа
Папата Франциско в година во историскa посета на Ирак

Папата Франциско ќе го посети Ирак в година помеѓу 5 и 8 март, објави Ватикан.
Папата ќе посети пет града, вклучувајќи ги Багдад, Ербил и Мосул. Тоа е прва посета на папа на Ирак, објави „Ројтерс“.
Програмата за патувања ќе биде објавена навреме и ќе ја земе предвид еволуцијата на здравствената состојба во светот, се вели во изјавата на портпаролот Матео Бруни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австрија го продолжи карантинот

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на карантинот до 7 февруари, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.
Затворањето, кое требаше да трае до 24 јануари, ќе биде продолжено до 7 февруари, што, како што објави агенцијата АПА, е резултат на разговорите меѓу владата во Виена и провинциите.
Следува постепено отворање од 8 февруари, додека угостителите, хотелите и организаторите на разни настани ќе мора да почекаат до крајот на февруари за вакви мерки.
Од 8 февруари, ако епидемиолошката состојба дозволи, сите продавници, услужни дејности и музеи повторно ќе се отворат, но под строги услови, како што е обврската за носење заштитни маски FFP2 и одржување на растојанието од метар до два. Наставата во училиштата ќе почне на 8 февруари, а учениците до тогаш ќе продолжат со учење на далечина.
Европа
Франција го врати полицискиот час

Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.
Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција.
Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа, слично како и во последните денови.
Полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.
Министерството за здравство објави нови податоци за бројот на вакцинирани, 413.046, во саботата, за разлика од 389.000 во петокот, пренесе „Ројтерс“.
Европа
(Видео) Масовна евакуација од аеродромот во Франкфурт поради закана со оружје

Поради наводна закана со огнено оружје, полицијата нареди евакуација на сите присутни на аеродромот во Франкфурт.
Неколку сектори на аеродромот беа затворени.
Едно видео покажува како полицаец вперува пиштол кон лице на земја.
Властите потврдија дека во тек е полициска акција, но не е јасно што довело до хаос на аеродромот.
Според германски новинар, две лица се задржани во притвор.
Како последица на овие настани некои летови може да бидат одложени. На патниците им било кажано однапред да го проверат статусот на летот пред пристигнувањето на аеродромот.
#Frankfurt Airport. Mir ist leider nicht bekannt, ob die Aufnahme aktuell ist?! 🕵️♂️ pic.twitter.com/ooCcNZo8Kf
— Inspector Reality 🕵️♂️ 🇩🇪 🇬🇷 🇺🇸 (@TheReal32492440) January 16, 2021
@EmiratesSupport there is a mass evacuation at frankfurt Airport because of a gun threat. What does this mean for travelers? Will flights be delayed? Refunded? Will travelers get a hotel overnight? I was planning to fly to Dubai at 8:30 pic.twitter.com/ksp3QyWgox
— Cassandra Beyer (@cassi_xo_) January 16, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира