Европа
Парламентарни избори во Белорусија, Лукашенко цврсто ја држи власта

Во Белорусија денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 516 кандидати се борат за 110 места во долниот дом на парламентот.
Изборите ќе бидат внимателно надгледувани од Западот за да се утврди колку слобода ќе овозможи претседателот Александар Лукашенко за кандидатите од опозицијата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Националната изборна комисија соопшти дека досега гласале повеќе од една третина од избирачите, или 36 проценти, а американската агенција АП предупредува дека постои опасност од манипулирање со резултатите.
Опозицијата тврди дека гласањето е полно со злоупотреби затоа што гласачките кутии не се чуваат, а броењето на гласовите се врши без присуство на набљудувачи.
Претседателката на Централната изборна комисија, Лидија Ермошина, за телевизијата „Белорусија 1“ изјави дека властите во земјата планираат да спречат какви било провокации на избирачките места и оти нема да дозволат никаков притисок врз членовите на изборната комисија, пренесе руската агенција „Тасс“.
По парламентарните избори, во Белорусија следната година ќе се одржат и претседателски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Изборната трка во Велика Британија станува сè понеизвесна

Изборната трка во Велика Британија станува сè понеизвесна, а конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите в четврток да победат со мало мнозинство. Ова го покажуваат најновите испитувања на јавното мислење.
Агенцијата YouGov предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега поради маргината од грешка во анкетата, веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај брегзитот повторно може да биде одложен.
Европа
Премиерот на Етиопија ја доби Нобеловата награда за мир

На премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед, денеска во Осло му беше врачена Нобеловата награда за мир. Тој се заложи за единство и помирување изјавувајќи дека ние и тие не постојат.
Ахмед (43) е награден за помирувањето и договорот постигнат со Еритреја, со кој се стави крај на 20-годишниот конфликт меѓу двете држави.
„Нема ние и тие, туку само ние затоа што сите сме поврзани со заедничката судбина на љубовта, простувањето и помирувањето“, рече премиерот на Етиопија.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу милион евра). Паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина.
Европа
Шести ден од штрајкот во Франција поради промена на пензискиот систем

Француските аеродромски работници, наставници и други работници му се приклучија на штрајкот на вработените во целата земја, а синдикатите го засилија притисокот врз владата да се откаже од најавените измени во националниот систем за пензионирање.
Полицијата нареди продавниците и рестораните да останат затворени во Париз плашејќи се од улично насилство за време на попладневниот марш, јави АП.
Француските синдикати ги повикаа работниците да го организираат еден од најголемите протести во изминатите децении со надеж дека на шестиот ден од штрајкот ќе го надминат бројот на 800.000 луѓе колку што излегоа на улиците минатата недела во знак на протест против реформата на пензискиот систем што го предложи францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува „Ројтерс“.
Патниците се соочија со прекин во сообраќајот, училиштата се затворени во Париз, а националната авиокомпанија „Ер Франс“ соопшти дека ги намалила домашните летови за 25 проценти.
Синдикатите не покажуваат никакви знаци на откажување и ги поттикнуваат железничките работници, лекарите, наставниците и другите вработени во јавните служби да му се спротивстават на Макрон пред неговата влада утре да предложи реформа во пензискиот систем.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми