Свет
Парламентарни и локални избори во Белорусија – опозицијата повика на бојкот

Во Белорусија денеска се отворени избирачките места за парламентарни и локални избори на кои граѓаните избираат 110 пратеници во Народното собрание и 12.514 советници на локални избори на 5.411 избирачки места, кои ќе бидат отворени до 20:00 часот.
Според последните достапни податоци, во избирачките списоци се запишани 6.911.742 лица.
Повеќето од кандидатите се членови на четирите официјално регистрирани партии: Белаја Рус, Комунистичката партија, Либерално-демократската партија и Партијата на правото и правдата. Сите четири партии ја поддржуваат политиката на претседателот Александар Лукашенко, додека десетина партии не можеа да се регистрираат минатата година.
Белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска, која е во егзил во соседна Литванија, откако ја оспори победата на Лукашенко во 2020 година, ги повика гласачите да ги бојкотираат изборите.
Денешните избори се прво гласање во Белорусија од 2020 година, кога Лукашенко го освои шестиот мандат, по што имаше протести на незадоволни демонстранти, кои ја оспорија регуларноста на гласањето.
Двојните избори се одржуваат во согласност со изменетите делови на Уставот, кој беше сменет во 2022 година. Овојпат истовремено се избираат членови на парламентот и на месните комисии, а нивниот мандат ќе трае пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Џет сет
Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.
Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.
Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.
„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.
58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.
„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.
„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.
Свет
OН: Ако не ја одбраниме Украина, ќе следи глобален хаос

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир кој го почитува територијалниот интегритет на Украина може да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
„Во вакво време, исклучително е важно меѓународното право да преовладува“, рече Гутереш на конференцијата во Берлин, додавајќи: „Во спротивно, ја отвораме вратата за хаос низ целата планета“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус додаде дека нема индикации оти рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот, пренесе „Ројтерс“.
Свет
Киев: Се’ уште не добивме одговор од Путин

Киев сè уште не добил никаков одговор од Москва за тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде на можни мировни преговори во Турција, изјави денеска украински функционер за АФП.
„Во неделата, претседателот Зеленски понуди средба во четврток“, рече изворот кој сакаше да остане анонимен, додавајќи: „До среда попладне, сè уште не добивме никаков одговор од Путин“.