Свет
„Парле“ ги охрабрува Евреите да го бојкотираат „Твитер“ поради отстранувањето на Давидовата ѕвезда

Платформата за слободен говор на социјалните медиуми „Парле“ го охрабрува еврејскиот народ да го бојктира „Твитер“ бидејќи гигантот од силиконската долина затвори некои сметки во јули поради објавување на Давидовата ѕвезда.
„Твитер“ наводно затворил некои сметки кога корисниците објавиле слика на Давидовата ѕвезда за која „Твитер“ тврди дека е прекршување на правилото со кое се забрануваат слики на омраза. „Твитер“ подоцна посочи дека сметките биле затворени по грешка и дека не ја смета Давидовата ѕвезда за симбол или слика на омраза.
„Сакаме да разјасниме некои прашања во врска со сликите на омраза на ‘Твитер’. Ние не ја сметаме Давидовата ѕвезда за симбол или слика на омраза. Веќе некое време гледаме дека симболот ‘жолта ѕвезда’ или ‘жолта значка’ го користат оние што сакаат да го таргетираат еврејскиот народ“, се вели во соопштението на „Твитер“.
„Парле“ сега ги охрабрува Евреите да се откажат од „Твитер“.
„Напуштањето засекогаш на објавувачи со агенда, како „Твитер“, е најдоброто оружје што го имаме против нивната пристрасна цензура. Повторно им посакуваме топло добредојде на сите учесници во бојкотот на ‘Твекзит’ и ги повикуваме да го истражат ‘Парле’“, рече технолошкиот инвеститор Џефри Верник, кој е стратешки партнер во „Парле“.
„Твитер“ се најде под жеток критички оган поради своето партизирано однесување. Гигантот за социјални медиуми неодамна ја блокира сметката на „Брејтбарт њуз“ за објавување видео од прес-конференцијата на републиканецот Ралф Норман и лекарите од првите редови што ги споделуваат своите ставови и мислења за коронавирусот.
„Твитер“ исто така го избриша лајвстримот „Перископ“ на „Брејтбарт њуз“ од прес-конференцијата во Вашингтон минатиот месец. Платформата исто така избриша видеа од сметката на претседателот Доналд Трамп на три месеци пред изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.