Контакт

Европа

Партијата на Санчез победи во Шпанија, но без мнозинство за формирање влада

Објавено пред

Резултатите од речиси 99 отсто преброени гласови на вонредните парламентарни избори во Шпанија, покажуваат победа за социјалистите, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Врз основа на досега преброените гласови, социјалистите на премиерот Педро Санчез освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати.

Десничарската партија „Вокс“ го зазеде третото место со освоени 52 места, што е за 23 повеќе отколку на изборите одржани на 28 април.

Резултатите јасно покажуваат дека ниту една партија нема доволно пратеници за формирање владејачко мнозинство, што значи дека ќе дојде до преговарачки процес меѓу партиите за формирање влада.

По победата на изборите лидерот на социјалистите и актуелен премиер, Педро Санчез, изјави дека уште од денеска ќе почне да се сретнува со лидерите на останатите партии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Расте бројот на нови случаи и починати од Ковид-19 во Чешка

Објавено пред

Во Чешка последниве денови нагло се зголемува бројот на луѓе заболени од Ковид-19 со потешки симптоми за кои е потребна хоспитализација, како и бројот на смртни случаи.

Според последните податоци, бројот на хоспитализирани лица е зголемен петпати од почетокот на септември и изнесува 802, а бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега или респиратор е речиси петкратно зголемен и изнесува 181.

Во последните 24 часа има 1.305 нови позитивни на коронавирус во земјата, што е трето најголемо дневно зголемување за неработен ден, во недела и за викенди, кога се тестираат сè помалку случаи, покажуваат најновите податоци на чешкото Министерство за здравство.

Прикажи повеќе...

Европа

Тихановскаја го повика Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија

Објавено пред

Светлана Тихановскаја го повика францускиот претседател Емануел Макрон да биде посредник кој им е многу потребен за решавање на кризата во Белорусија.

„Очајно ни треба посредник за да спречиме понатамошно крвопролевање. Макрон би можел да биде тој посредник и да влијае на рускиот претседател Владимир Путин со кого има добри односи“, изјави Тихановскаја за агенцијата „Франс прес“.

Тихановскаја побара средба со Макрон, кој денес и утре престојува во Вилнус.

Главната противкандидатка на Лукашенко на изборите, Светлана Тихановскаја, замина во Литванија веднаш по гласањето.

Белорусија е погодена од политичка криза уште од претседателските избори кога почнаа масовни антивладини протести во целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија двојно ќе се зголеми бројот на ученици во карантин

Објавено пред

Претседателот на Германското здружение на наставниците, Хајнц-Петер Мејдингер, очекува натамошно влошување на состојбата со коронавирусот во училиштата.

Според германски „Билд“, во моментот има речиси 50.000 ученици во карантин.

Тој број ќе се зголеми повеќе од двојно во следните три месеци, очекува Мајдингер.

Тој рече дека ќе биде сè потешко да се контролира избувнувањето на жариштата и нивното гаснење.

Во меѓувреме, се зголемува и бројот на заболени за кои се смета дека биле заразени во училиштата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија4 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија4 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион4 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет5 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет5 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија6 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион7 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија8 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија8 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија20 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија21 час

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион22 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет22 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет23 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија1 ден

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа1 ден

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Досие