Свет
Пашинјан: Поединци сакаат да предизвикаат хаос во Ерменија

Ерменскиот премиер, Никола Пашинјан, изјави дека во земјата има одредени сили што имаат намера да предизвикаат хаос на улиците.
„Овие сили сакаат да покажат дека наводно нема лостови на моќ во Ерменија. Тие сакаат да предизвикаат хаос во земјата за да се вратат на власт. Сепак, нема да дозволиме тоа да се случи. Ние не се држиме грчевито до моќта, сепак, луѓето не сакаат тие да се вратат, рече Пашинјан.
Ерменија е на удар од опозицијата, која протестира од 10 ноември поради потпишувањето на договорот со Азербејџан и бара Пашинјан да си замине затоа што им го предаде Нагорно-Карабах на Азербејџанците, пренесува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Австрија ја запре вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“, се истражува смртта на едно лице

Австриските власти привремено ја прекинаа вакцинацијата со серија вакцини против Ковид-19 од „АстраЗенека“, додека во тек е истрага за смртта на едно лице и развој на белодробна емболија кај друго по вакцинирањето, објави австрискиот државен завод за здравствена безбедност (БАСГ).
БАСГ доби два извештаи поврзани со вакцини од „АстраЗенека“ од истата серија, а пациентите ја примиле на клиника во градот Цветл во провинцијата Долна Австрија, се вели во соопштението.
Според извештајот, 49-годишникот починал како резултат на тешко нарушување на коагулацијата на крвта, а 35-годишникот развил белодробна емболија, но се опоравува.
„Во моментов, нема докази за причинско-последична врска помеѓу овие состојби и вакцината“, се вели во соопштението на БАСГ.
Претставник од „АстраЗенека“ рекол дека компанијата е во контакт со австриските власти и дека ја поддржува истрагата.
Новинската агенција АПА потсетува дека вакцината била одобрена и од Европската агенција за лекови и од Светската здравствена организација врз основа на глобално клиничко испитување во кое учествувале 23.000 испитаници.
„Сите претходни проценки покажаа дека вакцината на ‘АстраЗенека’ е безбедна и ефикасна“, објави АПА.
Регион
Во Србија над 3.000 новозаболени и 20 починати

Според последните информации, во Србија биле регистрирани 3.042 новозаболени лица, а 20 лица починале.
Во последните 24 часа биле тестирани 10.343 примероци, а 3.041.684 примероци од почетокот на епидемијата. Хоспитализирани се 4.199 пациенти, а 171 лице биле на апарати за дишење.
Стапката на смртност е 0,94 проценти во Србија.
Свет
Швајцарците го поддржаа предлогот за забрана на бурките

Според првите проекции на референдумот, граѓаните на Швајцарија со тесно мнозинство го одобрија предлогот на крајната десница за забрана за носење никаб и бурка.
Врз основа на делумни резултати, тој предлог ќе биде усвоен со 51 процент од гласовите, со можност за грешка од два проценти, покажува првичната проекција на швајцарската радио-телевизија.
Мерката би се однесувала на покривање на лицето на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз и одење по улица. Исклучок би биле верските објекти, или во случај на безбедносни и здравствени причини, бидејќи луѓето сега носат маски за да се заштитат од пандемија на ковид.
Швајцарската влада се спротивставува на мерката затоа што смета дека покривањето на лицето е „маргинално“ прашање.
Се додава дека ваквите мерки би го загрозиле туризмот, затоа што повеќето жени кои доаѓаат како туристи од богатите арапски земји се со покриено лице.
Застапниците на законот велат дека носењето шамија ја симболизира репресијата врз жените и велат дека се потребни мерки за да се зачува принципот според кој треба да се прикажуваат лица во слободно општество како што е Швајцарија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“