Свет
Педофил патувал од едниот до другиот брег на САД за да киднапира девојче

Педофил од американската држава Вирџинија е обвинет за киднапирање 12-годишно девојче. Според Си-eн-eн, 40-годишниот Нејтан Даниел Ларсон моментно е во затвор во Денвер, а шерифот од округот Фресно изјавил дека тој управувал со веб-страница што охрабрува силување деца и објавување такви фотографии и снимки.
Ларсон се запознал со 12-годишното девојче, кое живее на округот Фресно, преку социјалните мрежи во октомври, а за време на два месеца манипулација, тој ја убедил да му испрати свои разголени фотографии. Минатата недела летал кон Фресно и го убедил девојчето да се прикраде од куќата околу 2 часот по полноќ, а потоа повикал такси, со кое стигнале до аеродромот.
Ларсон му ставил перика на девојчето и му речол да се однесува како да е немо за да не разговара со никого.
Полицијата подоцна тој ден објави дека девојчето го нема, а кога детективите дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон со трансфер во Денвер, тие контактирале со тамошните власти и побарале да го проверат Ларсон. Полицијата во Денвер го уапси киднаперот, а агентите на ФБИ го спасија девојчето, кое не е повредено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Зеленски ќе трпи долгорочни последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги сноси последиците за неодамнешните напади врз гасоводот „Дружба“, кој ги снабдува Унгарија и Словачка.
Во објава на Фејсбук, Орбан истакна дека „Зеленски отворено ѝ се закани на Унгарија“ и призна дека нападот врз нафтоводот бил одговор на противењето на Будимпешта на членството на Украина во Европската Унија.
„Зеленски отворено ѝ се закани на Унгарија. Тој призна дека го гранатираат нафтоводот „Дружба“ затоа што не го поддржуваме нивното членство во ЕУ. Оттука следува дека Унгарците донеле правилна одлука. Зеленски ќе има долгорочни последици за зборовите што ги изговорил“, рече Орбан.
Фото: принтскрин
Свет
Германија попушти под притисокот, ќе продолжи да прифаќа бегалци од Авганистан

Германија набргу ќе ја укине повеќемесечната суспензија за прием на ранливи авганистански државјани што вети дека ќе ги прифати, објави денес весникот „Велт“ повикувајќи се на владини извори, објави „Ројтерс“.
Речиси 2.000 Авганистанци, на кои им е одобрено преселување во Германија во рамките на програмата за луѓе во ризик под власта на талибанците, се заробени во соседен Пакистан со месеци откога Берлин ја замрзна програмата како дел од ветувањето за запирање на миграцискиот бран.
Групите за човекови права и десетици погодени Авганистанци ја оспорија суспензијата на суд, а некои добија судски пресуди, што дополнително го зголемија притисокот врз Берлин да дејствува.
Прашањето стана уште поитно бидејќи Пакистан презеде чекори за протерување на документирани авганистански бегалци, вклучително и оние што се дел од германската програма за преселување, до крајниот рок на 1 септември.
Според весникот „Велт“, семејствата на засегнатите лица веќе се информирани за продолжувањето на програмата, а првите семејства на Авганистанци се очекуваат во наредните денови.
Германската влада планира дискретно да ги преселува авганистанските бегалци со редовни комерцијални летови со застанувања во Дубаи или Истанбул пред да пристигнат во Германија, а точниот број на лица на кои моментно им е одобрено заминување сè уште не е познат, објави весникот.
Министерството за надворешни работи само потврди дека процедурите за верификација продолжуваат и дека вработени се испратени во Пакистан за да продолжат со обработката на случаите.
Свет
Турски аналитичар: САД би можеле да ја жртвуваат Украина

Соединетите Американски Држави би можеле да ја жртвуваат Украина во обид да се спротивстават на сè поцврстиот сојуз меѓу Русија и Кина, процени турскиот аналитичар Мехмет Али Бал, пренесува „Хабер“.
Тој нагласи дека територијалните отстапки од страна на Киев нема да претставуваат закана за Вашингтон, а губењето на територијата би било егзистенцијално прашање исклучиво за самата Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека европските лидери покажуваат разбирање за потребата од територијални отстапки за Украина. Според медиумите, се очекува американскиот лидер да реагира остро на наводното трошење на воена помош и да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати условите на Москва.
„САД, особено Трамп, мора да обезбедат мир во Украина за да го докажат своето глобално лидерство. Сепак, губењето на територијата за Украина не е егзистенцијална закана за САД. Дури и за Европа оваа загуба повеќе не е стратешки значајна. САД, особено Трамп, во конфликт со сојузот на Русија и Кина, може да ја жртвуваат Украина, ако не целосно, тогаш во значителна мера“, оцени Али Бал.
Според него, САД нема да претрпат сериозни загуби доколку се случи такво сценарио, а Кина ќе продолжи да се соочува со предизвиците на својата агресивна извозна политика поради регионалните и глобалните тензии.
Но, Бал заклучи дека Украина е таа што нема алтернатива во оваа ситуација бидејќи за неа тоа е прашање на егзистенција.
Фото: принтскрин