Свет
(Видео) Пекинг погоден од најлошата песочна бура, откажани многубројни летови
Пекинг, главниот град на Кина, утрово осамна во облак од песок носен од бурен ветер од пустината Гоби, а метеоролошката служба објави дека тоа е најголемата песочна бура во последната деценија и прогласи жолт метеоролошки аларм.
„Ова е најсилната песочна бура што ја погоди нашата земја во последните десет години, а ја опфаќа и најголемата површина“, наведува Националниот метеоролошки центар.
Соседна Монголија исто така се најде на удар од песочната бура, во која исчезнаа 341 лице.
Според официјалните податоци, на меѓународниот аеродором во Пекинг се откажани најмалку пет лета.
Екстремно високо ниво на загадување на воздухот е откриено во главниот град на Кина, со повеќе од 8.000 микрограми штетни честички на кубен метар, а Светската здравствена организација дефинира дека се дозволени максимум 50 микрограми.
Еколозите велат дека Кина мора да стори повеќе за да ја намали зависноста од јаглен поради што стана најголем емитер на штетни гасови, кои влијаат на создавање климатски промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

