Контакт

Свет

Пентагон: Не очекуваме нови напади од Иран

Објавено пред

Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер, изјави дека САД не очекуваат нови напади од Иран како одговор на смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во Ирак.

Шефот на Пентагон процени дека иранската влада се соочува со внатрешна закана по падот на украинскиот патнички авион во близина на Техеран со 176 патници и членови на екипажот.

„Гледате дека иранскиот народ се крева и ги бара своите права, сакајќи подобра влада, различен режим“, рече Еспер.

Во Иран беше организиран протест откако властите потврдија дека случајно го срушиле авионот во кој загинаа сите патници.

Еспер рече дека претпоставува дека станува збор за несреќа и додаде дека администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, сепак, е подготвена да преговара за нов нуклеарен договор со иранските власти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Скандал во Германија: Реномиран неделник го припишa ослободувањето на Аушвиц на американската војска

Објавено пред

Германскиот весник „Шпигел“ погрешно објави на социјалните мрежи дека американската војска го ослободила концентрациониот логор „Аушвиц“.

Во постот што го објавил „Шпигел“, Аушвиц бил најголемиот нацистички логор на смртта кој пред 75 години бил ослободен од американската војска.

Корисниците на мрежата први укажале на објавата.

Потоа, неделникот се извинил за непријатната грешка, истакнувајќи дека критиката на своја адреса ја смета за правична казна.

„Шпигел“ ја поправил својата објава, укажувајќи дека логорот бил ослободен од Црвената армија.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ свика вонреден состанок поради влошени состојби во регионот

Објавено пред

Во Белград се одржува итна средба, свикана од српскиот претседател Александар Вучиќ, поради, како што било наведено, влошената состојба во регионот, пренесува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на новинската агенција „Танјуг“.

Според информациите, Вучиќ на состанокот ги повикал министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, министрите за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и за одбрана Александар Вулин, како и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Братислав Гашиќ.

Сè уште не се познати други детали за темите на ненадејниот состанок, а се очекува по средбата на државните функционери да биде објавено соопштение.

Прикажи повеќе...

Свет

Се урна воен авион во Алжир, загинаа двајца пилоти

Објавено пред

Двајца алжирски воени пилоти загинаа при пад на воен авион во провинцијата Ум ел Бујаги во Алжир.

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун потврди на „Твитер“ дека загинале двајца пилоти и рекол дека станува збор за тренажен авион, пренесува „Ројтерс“.

Причината за несреќата засега е непозната, пишува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет1 час

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет2 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија15 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ17 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија17 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија19 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија20 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија21 час

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија21 час

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија21 час

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија21 час

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет21 час

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија22 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија23 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет24 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет1 ден

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет1 ден

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет1 ден

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет1 ден

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Досие