Контакт

Европа

Песков: Истрагата за руското мешање е главоболка за САД, не за нас

Објавено пред

Кремљ, денеска, истрагата за наводното руско мешање во изборите во САД ја нарече главоболка за властите на САД, а не за Русите.

Портпаролот на Кремљ не сакаше да даде коментар за отпуштањето на американскиот јавен обвинител Џеф Сешнс. Јавниот обвинител Џеф Сешнс вчера доби отказ од претседателот Доналд Трамп.

Сешнс постојано беше цел на критики на американскиот претседател по прогласувањето за ненадлежен за истрагата за наводното руско мешање во изборите во 2016 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека отпуштањето на Сешнс, кој од страна на Трамп беше разрешен еден ден претходно, не е нешто со кое Кремљ треба да се справува.

Европа

Меркел: Останува забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија 

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека не ги гледа нападите врз Саудиска Арабија како причина за прекинување на германската забрана за извоз на оружје во земјата.

Влијателeн пратеник од Христијанско-демократскиот сојуз на Меркел предложи Германија да размисли за дозвола на извоз на системот за одбранбено оружје во Саудиска Арабија, објави АП.

Меѓутоа, Меркел рече дека во моментот не гледа услови за промена на ставот на германската влада.

Иако ги осуди нападите врз Саудиска Арабија, таа рече дека забраната стапила во сила делумно поради загриженоста на Германија за конфликтот во Јемен, кој не е променет.

Прикажи повеќе...

Европа

Шредер демонстративно го прекина интервјуто по новинарското прашање упатено до неговата сопруга

Објавено пред

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер (75), и неговата сопруга Сојеон Шредер-Ким (51), присуствуваа на гала-донација во Берлин кога новинар на РТЛ сакаше да ја праша госпоѓа Шредер за тужбата што поранешниот сопруг ја поднел против нејзиниот сегашен сопруг. Тоа не му се допадна на поранешниот канцелар, кој го прекина интервјуто.

„Во медиумите има наслови за тужбата на вашиот поранешен сопруг“, рече новинарот, но пред да успее да го постави прашањето Шредер го прекина.

„Готово е“, рече Шредер и замина со својата сопруга.

Господинот Јун од Кореја, поранешен сопруг на петтата сопруга на Шредер, го обвини за браколомство и бара 75.000 евра отштета.

Според германски „Билд“, во времето кога Шредер ја запознал Сојеон, таа сепак била мажена за Кореецот.

Јун го обвини поранешниот канцелар дека е виновен затоа што му пропаднал бракот и се развел во 2017 година.

Шредер и Сојеон се запознале во 2015 година на состанокот во Јужна Кореја кога таа работела како преведувач, а во 2018 година таа стана негова петта сопруга по ред.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Франција евакуирани речиси 900 мигранти кај Ла Манш

Објавено пред

Француската полиција евакуирала најмалку 900 мигранти од спортска сала и камп во близина на Ла Манш поради загриженоста на градските власти за безбедноста и хигиената на градот.

Портпаролот на северниот регион рече дека мигрантите, вклучително и голем број семејства со деца, биле преместени од градот Гранд Синте, пренесува АП.

Локалните медиуми посочуваат дека меѓу мигрантите веројатно има голем број Курди од Ирак.

Судот претходно нареди преместување на мигрантите за да се спречи зголемувањето на насилството и трговијата со луѓе во регионот.

Мигрантите, наводно, биле сместени во привремени засолништа и им било дозволено да се пријават за азил.

Активистите предупредуваат дека евакуацијата нема да ги спречи мигрантите да доаѓаат на северот на Франција со намера да преминат во Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија3 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија5 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија5 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија5 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија8 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет9 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет9 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет9 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија10 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија10 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет21 час

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет22 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија24 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Досие