Свет
Песков: Моментно не е планиран состанок помеѓу Путин и Бајден
Не постојат моментни планови за состанок помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
„Сè уште нема разговори за можен состанок помеѓу Путин и Бајден“, рекол Песков додавајќи дека меѓународните состаноци лице в лице во голема мера се прекинати поради епидемиолошката ситиуација, пренесе ТАСС.
Првиот разговор на новиот претседател на САД со некој странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Средбата ќе се одржи утре, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Псаки рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и за одлуката на Бајден за формално укинување на дозволата неопходна за изградба на нафтоводот „Kистоун XL“ помеѓу двете северноамерикански држави, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.

