Свет
Песков: Моментно не е планиран состанок помеѓу Путин и Бајден

Не постојат моментни планови за состанок помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
„Сè уште нема разговори за можен состанок помеѓу Путин и Бајден“, рекол Песков додавајќи дека меѓународните состаноци лице в лице во голема мера се прекинати поради епидемиолошката ситиуација, пренесе ТАСС.
Првиот разговор на новиот претседател на САД со некој странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Средбата ќе се одржи утре, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Псаки рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и за одлуката на Бајден за формално укинување на дозволата неопходна за изградба на нафтоводот „Kистоун XL“ помеѓу двете северноамерикански држави, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Саркози ќe бара правда од Европскиот суд за човекови права

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, изјави дека е подготвен да побара правда од Европскиот суд за човекови права, како и дека ќе ја докаже својата невиност.
Ова е прва реакција на Саркози во јавноста откако беше осуден за корупција.
„Се жалев на пресудата, можеби дури и ќе треба да го изнесам ова прашање пред Европскиот суд за човекови права”, изјави Саркози за весникот „Фигаро”.
Тој рече дека ќе му биде болно да ја тужи сопствената држава.
„Но, јас сум подготвен на тоа, бидејќи тоа ќе биде цената на демократијата“, рече Саркози, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател во 2022 година, но ќе поддржи некој кандидат во догледно време
Свет
(Видео) Масовни апсења во Мјанмар, полицијата употреби солзавец, куршуми, има и загинати

Најмалку четворица демонстранти беа убиени, а неколкумина беа повредени кога полицијата се обиде да го прекине протестот против воениот удар во неколку градови во Мјанмар.
За време на конфликтот во Јангон, двајца демонстранти беа убиени, а неколкумина беа ранети во Јангон и Мингјин, објавија очевидци и медиуми.
Исто така во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, загинаа уште две лица, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 24 лица се убиени во судирите од воениот удар на 1 февруари, а околу 300 демонстранти се уапсени. Протестите траат од 1 февруари, кога воената хунта ја собори цивилната влада.
Според неофицијални информации, полицијата употребила вистински куршуми во некои градови, при што едно лице било убиено и неколкумина биле повредени.
Нови протести се одржани по насилниот викенд на улиците на Мјанмар од почетокот на демонстрациите на 1 февруари.
Полицијата употребила сила и масовно ги апсела демонстрантите, а неофицијално најмалку 18 лица се уапсени само во неделата.
Новинската агенција АП наведува дека е тешко да се утврдат деталите од протестот, особено во помалите градови. Повеќето информации не се официјално потврдени, но луѓето на социјалните мрежи и локалните медиуми споделуваат фотографии и снимки што ги потврдуваат. Инцидентите во помалите градови веројатно минуваат незабележани, пишува АП.
Регион
(Видео) Снимки од силниот земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Тесалија во централниот дел на Грција, пренесуваат грчките медиуми.
Според податоците објавени на веб-страницата emsc-csem.org, земјотресот се случил во 10.16 часот по локално време, односно во 11.16 часот по македонско време.
Според специјализираните веб-страници за следење земјотреси, епицентарот бил 15 километри од Еласона, град во округот Лариса, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.
Според Геодинамичкиот институт, следувале силни последователни потреси неколку минути по првиот земјотрес, и тоа со магнитуди од 4,7, 4,2 и 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Тамошните медиуми пренесуваат дека на некои места имало лизгање на земјиштето во областа Кастраки, како и на националниот пат од Лариса до Еласона.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер