Свет
Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефикасен дијалог со Соединетите Американски Држави и дека контактите со американската страна се многу интензивни и продуктивни.
Песков потврди дека е во сила наредбата на претседателот на Русија, Владимир Путин, за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем, пренесе „РИА новости“.
На 18 март беше постигнат договор со американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтните страни ќе се воздржат од напад на енергетски објекти, но Путин ѝ даде соодветна наредба на руската армија.
Иако Украина не одговори целосно на тој повик, Русија продолжи да го применува мораториумот, а украинските сили продолжија да ги напаѓаат објектите во Русија, рече Песков.
Тој го истакна и значењето на Арктикот за Русија наведувајќи дека северниот морски пат е функционален и дека рударското богатство на регионот веќе се користи.
Тој нагласи дека меѓународната соработка на Арктикот е итна потреба, но и додаде дека Русија ќе продолжи да ги користи ресурсите на регионот во свој интерес.
Тој ја коментира и 25-годишнината од првиот избор на Владимир Путин за претседател на Русија нагласувајќи дека Русија за тоа време поминала долг пат, „од опстанок, економски и политички колапс до развој и зголемена благосостојба“, пренесува „Танјуг“.
Тој додаде дека Русија сега стана стабилна земја, со развиен економски сектор и посилен територијален интегритет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА

