Свет
Песков: Русија не е вмешана во хакерски напади врз американските институции

Москва не е вмешана во хакерски напади врз американски владини тела и компании, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Русија не е вмешана во такви напади, ниту во овој. Ние го тврдиме ова официјално и цврсто“, истакна Песков, пренесе ТАСС.
Според портпаролот на Кремљ, сите обвинувања за руска вмешаност се апсолутно неосновани и веројатно ќе бидат продолжение на слепата русофобија што се користи во случај на каков било инцидент.
Тој истакна дека дебатата за хакерски напади се зголемува во САД бидејќи тие станаа жртви на овој хакерски напад.
„Дефинитивно, оваа дискусија нема никаква врска со нас“, потенцира Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија

Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим.
Најверојатно, биле однесени или убиени од лавина, соопшти денеска италијанската служба за спасување.
Четворицата планинари од градот Авецано исчезнале додека се возеле по снег и мраз на планината Велино во неделата, објави агенцијата АНСА.
Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што денеска паднал во таа област, па дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата, се додава во веста од италијанската агенција.
Спасувачките екипи исто така се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.
Свет
Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

Американскиот Сенат го потврди изборот на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.
Досега оваа функција ја извршуваше Мајк Помпео.
58-годишниот Блинкен веќе работел во Стејт департментот како заменик-државен секретар и заменик-советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и има блиски врски со Бајден.
Тој исто така служел на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон пред да стане началник на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат кога Бајден бил на нејзино чело, а кратко време работел и како советник за безбедност во времето кога Бајден беше потпретседател на САД.
Свет
Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања почнувајќи од неодамнешниот кибер-напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.
„Владимир Путин му честита на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за одржување на безбедноста и стабилноста во светот тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во соопштението за разговорот што го објави Кремљ.
Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки, рече дека тој го почнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер-нападот на „Солар виндс“, чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници што служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.
„Неговата намера беше да разјасни дека Соединетите Американски Држави ќе дејствуваат цврсто во одбрана на нашите национални интереси како одговор на малигните активности на Русија“, рече Псаки истакнувајќи дека повикот се случил за време на нејзиниот брифинг и дека поцелосно резиме ќе објави подоцна.
Според информациите од светските медиуми, кај двете страни има волја најбргу што може да ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.
Договорот истекува на 5 февруари.
Повикот дошол на барање на Москва, соопштија американски дипломатски извори, кои додаваат дека Бајден сакал најпрвин да разговара со европските лидери и неговите советници пред да оствари телефонски разговор со Путин.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот