Свет
Петгодишно дете во Тексас починало во вжештен автомобил додека мајката подготвувала забава

Петгодишно дете од Тексас починало во вжештен автомобил бидејќи мајка му по грешка го оставила таму три часа.
Мајката наводно мислела дека син ѝ е во куќата, но откога ја пребарала, отишла до автомобилот пред нивната куќа и таму го пронашла детето веќе починато.
Вчера попладне мајката побрзала дома бидејќи подготвувала роденденска забава за своето второ дете, 8-годишната ќерка, а се верува дека не сфатила оти момчето сè уште е во автомобилот.
Дури по два-три часа забележала дека син ѝ го нема, а потоа дошла до трагичното откритие во автомобилот, соопшти полицијата во Тексас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мистерија во автобус што се враќал во БиХ: Седум патници се онесвестиле, не се знаат причините

Туристички автобус кој се враќал од Барселона за Босна и Херцеговина во саботата околу 20 часот застанал на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле.
Возачот го паркирал автобусот со 62 патници и повикал помош.
Француските власти веднаш испратиле спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум амбулантни возила и пожарникари.
Сега се истражува за да се утврдат точните причини за овој настан. Патниците имале слични симптоми како несвестица, вртоглавица или мачнина.
Овие ситуации може да бидат предизвикани од различни фактори за време на патувањето, вклучително и еколошки услови како што се лоша вентилација во автобусите, изложеност на токсични материи или дури и психолошки стрес, пишува „Клих.ба“.
Свет
Претставници на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат во Брисел

Секретарот на Советот за безбедност на Ерменија, Армен Григорјан, и помошникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев ќе се сретнат на 26 септември во Брисел за да ги подготват разговорите меѓу лидерите на двете земји.
Лидерските разговори се очекува да се одржат во Гранада, Шпанија на 5 октомври, соопшти денеска прес-службата на Советот за безбедност на Ерменија.
Во соопштението за печатот се наведува дека Григоријан ќе биде во официјална посета на Брисел, каде треба да се сретне со советниците на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со помошникот на претседателот на Азербејџан за подготовка за лидерската средба Ерменија и Азербејџан закажана за 5 октомври во Гранада, пренесе ТАСС.
По 24-часовната воена операција на азербејџанската армија во Нагорно Карабах на 20 септември беше прогласен прекин на огнот.
Нагорно-Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, е надвор од контролата на Баку од раните 1990-ти, по војната меѓу Ерменија и Азербејџан.
Азербејџан повторно зазеде делови од територијата на Нагорно-Карабах во и околу неа во војната во 2020 година.
Регион
Косовската полиција: убиени тројца напаѓачи, уапсени пет лица

Косовската полиција соопшти дека во размената на оган загинале тројца напаѓачи, а еден е уапсен.
Дополнително, како што се наведува, уапсени се уште четворица осомничени во атарот на селото Рударе, при што биле пронајдени средства за комуникација кои, како што се тврди, се поврзани со „криминални групи“.
Се додава дека е пронајдено поголемо количество оружје, муниција и разновидна опрема.
Во соопштението се наведува дека безбедносната состојба во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична и дека „нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет“, пренесува новинската агенција „Танјуг“.