Свет
Петнаесет години затвор за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг-бак е осуден на 15 години затвор поради корупција, објави Би-би-си. Судот во Сеул го осуди под обвинија за поткуп, измама и злоупотреба на службената положба и му нареди да плати парична казна од 11,5 милијарди долари.
Експретседателот тврди дека пресудата е политички мотивирана. Тој е четвртиот поранешен лидер на Јужна Кореја кој е затворен, по неговата наследничка, која беше затворена во април.
Ли не беше присутен за време на изрекувањето на пресудата, поради лоша здравствена состојба.
Судијата рекол дека тешката казна за обвинетиот е неизбежна поради сериозноста на кривичните дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија испраќа нова помош за Украина

Велика Британија ќе додели дополнителни 16 милиони фунти хуманитарна помош за Украина по уништувањето на браната Каховка.
Помошта се состои од 10 милиони фунти за Црвениот крст, 5 милиони фунти за Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) и 1 милион фунти за Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Чамци, општински филтри за вода, пумпи за вода ќе бидат испорачани во Украина и се очекува да пристигнат следната недела.
Свет
Ватикан објави нови детали за здравствената состојба на папата: „Добро закрепнува, но нема да држи неделно обраќање“

Закрепнувањето на папата Франциско по операцијата оди добро, но лекарите го советувале утре да не им се обраќа на верниците од балконот на болницата, за да не се заморува.
Серџо Алфиери, главен хирург во болницата Гемели каде што папата беше опериран пред неколку дена, рече дека 86-годишниот папа ги прифатил сугестиите на лекарите, пренесе Ројтерс.
Папата Франциско се согласи и со препораките на лекарите да остане во болница најмалку уште една недела.
Поглаварот на Римокатоличката црква во средата беше подложен на тричасовна операција поради абдоминална хернија.
Свет
(Видео) Објавена прва снимка од извлекувањето на децата по 40 дена поминати во амазонската џунгла

На социјалните мрежи објавено е прво видео од четирите деца кои преживеале 40 дена во џунглата во Колумбија.
Снимен е моментот кога ги спасува авион на воздухопловните сили.
Неухранети и изедени од инсекти, ги пронајде војската четирите деца кои 40 дена живеле сами во џунгла по авионска несреќа во Колумбија. Преживеале силни бури во еден од „најнегостопримливите“ делови на земјата, каде живеат опасни животни, но и вооружени групи.
🇨🇴 | ÚLTIMA HORA: Primer video de los cuatro niños que sobrevivieron 40 días en las selvas del Guaviare. Este es el momento en que son rescatados por un avión de la Fuerza Aérea. #guaviare #Colombia #Selva #URGENTE pic.twitter.com/Cw8MeKs6jf
— eljournalnews.ec (@eljournalnewsec) June 10, 2023
По падот на авионот на 1 мај, во леталото беа пронајдени тројца мртви возрасни лица, меѓу кои и мајката (33). Но, од децата, до денес, немаше ни трага, ни глас.
„Гардијан“ претходно објави детали за децата и како успеале да ја победат смртта која со секој изминат ден станувала се’ поизвесна.