Контакт

Свет

Пет луѓе загинаа кога авион принудно слета во Украина

Објавено пред

Пет луѓе загинаа за време на принудно слетување на украински товарен авион „Ан-12“ во близина на Лавов, во западна Украина. Во несреќата повредени се и три лица.

Авионот требало да слета во Лавов, но морал порано принудно да слета бидејќи останал без гориво, објави на Фејсбук украинското Министерство за инфраструктура.

Украинската служба за вонредни ситуации навела дека осум луѓе биле во авионот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израел лансира нов шпионски сателит

Објавено пред

Израел лансираше нов шпионски сателит во орбитата, соопшти Министерството за одбрана.

„Министерството за одбрана и Израелската вселенска индустрија (ИАИ) успешно го лансираа извидувачкиот сателит Офек 16 во вселената“, се вели во соопштението.

Сателитот започна да орбитира околу Земјата и ги пренесува податоците според плановите за лансирање, се вели во соопштението, додавајќи дека инженерите спровеле тестови пред сателитот да стане целосно оперативен.

Сателитската мрежа на Израел го следи целиот Блиски Исток, вклучително и Иран.

Иран во април стана една од 13-те земји што успешно лансираа сателити во вселената. Исламската Република тогаш успешно го лансираше сателитот, по неколкугодишни неуспешни обиди.

„Технолошката супериорност и разузнавачките способности се клучни за безбедноста на Израел“, рече секретарот за одбрана Бени Ганц.

Министерот за надворешни работи Габриел Ашкенази, на прашањето за серија необјаснети експлозии во иранска нуклеарна централа, рече дека Израел презема чекори за да се запре иранската нуклеарна закана.

„Имаме долготрајна политика спроведена преку голем број влади да не дозволуваме развој на иранските нуклеарни способности“, рече Ашкенази.

Според него, Израел презема активности за кои е подобро да не се зборува.

Инцидент се случил во иранската нуклеарна централа „Натанц“ во четвртокот, а Техеран тврди дека не е предизвикана штета и дека фабриката работи нормално.

Фабриката за збогатување на ураниум во Натанц од 100 000 квадратни метри, изградена осум метри под земја, е една од неколкуте ирански објекти што ги набљудува Меѓународната агенција за атомска енергија на ООН.

Израелскиот информативен портал „Јнет“ пишува дека израелскиот сателит однапред ќе предупредува за лансирање на ирански ракети и спроведување експерименти и ќе испраќа информации за активности на локации каде што се развиваат и произведуваат компоненти на иранската нуклеарна програма.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово го врати полицискиот час

Објавено пред

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, соопшти дека од денеска во некои градови се воведува полициски час поради зголемениот број на случаи на коронавирус.

Во Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн, ќе биде на сила забрана за движењње од 21 часот до 5 часот наутро.

Работата на рестораните се ограничува само на летни тераси и со достава.

Хоти најавил дека ќе бидат обезбедени поголем број тестови за да може дневно да се прават и по 500 тестирања.

Планирана е реорганизација на Универзитетскиот клинички центар, но и ставање на располагање на приватните болници.

Прикажи повеќе...

Европа

Повторно повеќе од 1.000 активни случаи на коронавирус во Австрија

Објавено пред

Во Австрија, бројот на луѓе кои се активно заразени со коронавирус, а врз основа на растот на новозаразените во последниве денови, повторно надмина илјада.

Според податоците на Министерството за здравство, во моментов има 1.012 активни случаи на коронавирус во Австрија.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на инфекција со коронавирус, што по три дена со трицифрен број на новозаразени е првиот ден кога тој број е двоцифрен.

Како и во претходните денови, најголем број новозаразени, дури 57, се регистрирани во Горна Австрија, 21 во Виена, пет во Долна Австрија, по еден случаи во Салцбург и Штаерска.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Австрија, вкупно 18.270 лица се позитивни, а 16.647 се излечени.

Во моментов, хоспитализирани се 78 пациенти, од кои 11 се во одделот за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, спроведени се вкупно 654.105 тестови за коронавирус.

Бројот на починати остана на 706.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет1 час

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ2 часа

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет2 часа

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура2 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија2 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион17 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион18 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава19 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија21 час

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие