Контакт

Регион

Пирати кидналирале седум лица, меѓу киднапираните има и Срби

Објавено пред

Официјални претставници на Екваторска Гвинеја соопштија дека пирати киднапирале седум странски државјани, меѓу кои има и Срби, од брод во Гвинејскиот Залив.

Во соопштението се наведува дека пиратите нападнале брод на компанијата „Ексон Мобиле” во близина на нафтеното наоѓалиште Зафиро, јави „АП“.

Меѓу киднапираните има и државјани на Јужна Африка, Филипини и Камерун.

Морнарицата подоцна се качила на бродот и ги затекнала преостанатите осум членови на екипажот како се кријат.

Регион

Во Србија експлодира бројката на новозаразени, медиумите предупредуваат на нов бран

Објавено пред

По појавата на делта-сојот во Србија, тамошните експерти предупредуваа дека епидемијата ќе зададе уште еден удар, а според пишувањето на „Б92“, се чини дека тоа веќе и се случува.

Денес, по повеќе од два месеца, во Србија беа регистрирани над 300 нови случаи, поточно 332 за еден ден, што укажува на драстичен скок на бројот на заразени и влошување на епидемиолошката состојба.

Оттаму српските медиуми го поставуваат прашањето – дали земјата е веќе влезена во нов бран?

Според статистиката, доколку се видат корона-бројките во Србија во последниот месец, може да се забележи дека тие постепено растат со повремена стагнација, но и ненадејни скокови во последните неколку дена.

Пред точно еден месец, пишува „Б92“, дневниот број на заболени лица бил 84, што е четирипати помалку од денешната бројка. Повеќе од 300 нови случаи на дневно ниво во Србија не биле потврдени од 30 мај. Сепак, се нагласува дека иако бројот на новоинфицирани расте, позитивно е тоа што бројот на смртни случаи не се зголемува.

Ова ги потврдува информациите за новиот вид, кој, како што тврдат експертите, е далеку позаразен.

Лекарите секој ден ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин да се стави епидемијата под контрола.

Од друга страна, вакцинацијата во Србија бележи пад, што, според медиумите, наверојатно се должи на годишните одмори, убавото време и на падот на бројот на заразени во претходниот период.

Прикажи повеќе...

Европа

Четворица унгарски војници се повредени откако мигранти насилно се обиделе да ја преминат српско-унгарската граница

Објавено пред

Синоќа група од петнаесет мигранти насилно се обиделе илегално да ја преминат српско-унгарската граница, објави унгарската полиција. Четворица унгарски војници се полесно повредени, пренесуваат регионалните медиуми.

Мигрантите се обиделе да ја совладаат воената патрола по должина на оградата на унгарско-српската граница, користејќи гас.

Сепак, според соопштението, полицијата и воените сили на Унгарија успеале да го спречат нелегалниот премин на границата.

„Колегите ќе сторат сè за да го зачуваат јавниот ред и безбедност, имаат доволно луѓе и технички средства да ја чуваат границата“ , се наведува во соопштението на унгарската полиција.

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ стапи на сила законот со кој се казнува негирање на геноцидот во Сребреница

Објавено пред

Од денеска во Босна и Херцеговина на сила е законот со кој се забранува и казнува негирање на геноцид и величење на воени злосторства.

Високиот претставник на ОН за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во заминување во БиХ, Валентин Инцко, на 23 јули објави дека ги искористил своите овластувања во Бон и наметнал измени во Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, со кои се забранува и казнува негирање на геноцид.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Белград бил информиран и ги следи настаните во Босна и Херцеговина, со порака дека Србија не може да ја остави Република Српска без поддршка во економски и во секој поглед, и дека ќе излезе со предлог како во иднина да се води дијалогот со Бошњаците.

Одлуката на Инцко, да наметне закон со кој се казнува негирање воени злосторства, како што се очекуваше, поинаку е оценета од политичарите во оваа земја, а членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, најави дека таков закон нема да се спроведува во Република Српска и се закани со отцепување од БиХ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Илинден на Мечкин Камен без Пендаровски и Џафери, но за првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август, иако шефот...

Македонија18 минути

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија3 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија3 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ4 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ5 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет5 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ6 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет7 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет8 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија8 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет19 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет20 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет22 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие