Свет
Плашејќи се дека Путин ќе го нападне Балканот, маж од Романија направил бомба и случајно се разнел
Маж (44) загинал во својот дом во Фетешти, Романија, кога случајно ја активирал бомбата што сам ја направил, наводно од страв дека Русите ќе ја нападнат неговата земја.
Рачно изработена бомба вчера експлодирала во рацете на човекот.
Силната експлозија ја слушнале соседите, кои веднаш повикале полиција, а потоа истрчале надвор да видат што се случува. Тогаш забележале црн чад што се издига над куќата на нивниот сосед и веднаш потрчале да видат што се случило. Во куќата нашле страшна сцена. Мажот без знаци за живот лежел на подот, а на телото имал многубројни повреди од шрапнели. На местото на настанот бргу пристигнале екипи за итна помош, пожарникари и полиција, но немало начин да се спаси човекот.
„Целото маало мирисаше на барут, а специјалните единици со специјална опрема долго време ги пребаруваа сите соби во куќата за да проверат дали има експлозив или муниција“, раскажуваат соседите.
Тие ја познавале жртвата од детството, исплашени се иселиле од населбата чекајќи полицијата да потврди дали областа е безбедна.
„Пронајдени се пиротехнички средства и муниција по протокол и се земени на дополнителна анализа“, соопштија од полицијата.
Веста дека жртвата сам ја направил бомбата не ги изненади најблиските роднини на жртвата. Велат дека од мал сакал да експериментира и да прави разни светлосни инсталации.
„Тој правеше инсталации во облик на животни или Ајфеловата кула“, велат роднините.
Таткото на загинатиот рекол дека син му направил експлозивна направа од страв дека Русите може да нападнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен
Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад врз Иран, по што следуваа ирански напади со дронови и ракети, пренесе Си-Ен-Ен.
@cruise_life26 Pemandangan dari kapal Mein Schiff 4 yg berada di ABU DHABI, perang Amerika-Israel vs Iran #kapalpesiar #meinschiff #dubai #perangiranisrael #iran ♬ suara asli – Cruise life
Најмалку шест бродови од неколку компании се погодени од ситуацијата. Крузерите што пловат во Персискиот Залив не можат да поминат низ Ормутскиот теснец, а воздушниот простор во регионот е затворен, што ги отежнува и повратните летови.
@sanddra38 Hey Macarena…MSC Entertainment Team – Fabulous!! #ineedmorelikesonmyvideo #travelqueenno17 #singalong #msceuribia #macarena ♬ original sound – TRAVEL QUEEN NO.17
На бродот MSC Euribia, закотвен во Дубаи, патници изјавиле дека слушнале експлозии и виделе како се пресретнуваат ракети и дронови. И покрај тоа, атмосферата на бродот останала речиси нормална.
@hittamputihh_ #dubai #hopeeverybodysafe #msceuribia #2026 #fyppppppppppppppppppppppp ♬ suara asli – Reres – RereMall
Некои патници продолжиле да се сончаат, да играат и да се забавуваат покрај базенот, додека над нив се пресретнувале дронови. Дури била организирана забава со музика, пијалоци и танцување.
Иако дел од патниците велат дека ситуацијата изгледа надреално, повеќето нагласуваат дека на бродот нема паника. Сепак, многумина се загрижени кога и како ќе се вратат дома, особено поради затворениот воздушен простор и хаосот на аеродромите.
@dzoanalifestyle 😢 Cruise on Mein Schiff 5. It was supposed to be a fun adventure on the ship ⛴️ but something bad happened 😞 I hope it ends soon and we can return safely to Poland… #MeinSchiff #vacation #cruise #FYP ♬ оригинальный звук – kolb
Се верува дека шест крузери моментално се закотвени во пристаништа во Дубаи, Доха и Абу Даби, додека компаниите чекаат нови безбедносни насоки.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.

