Контакт

Регион

Пленковиќ: ЕУ е подготвена да ги поддржи напорите за реформи во Југоисточна Европа

Објавено пред

Европската Унија е подготвена да ги поддржи реформите и европските напори на соседните земји, рече хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, пред почетокот на виртуелниот самит во Загреб на земјите од ЕУ и Западен Балкан.

Тој вели дека ЕУ е подготвена да ги поддржи напорите на земјите од Западен Балкан.

„Не само во контекст на преговорите што веќе ги водат Србија и Црна Гора, не само во контекст на многу важната одлука на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, туку и како порака која оди кон Босна и Херцеговина, која е особено важна земја за Хрватска“, истакна Пленковиќ.

Тој истакна дека Хрватска сака да ѝ помогне на Босна и Херцеговина на европскиот пат и да ги поддржи разговорите меѓу Србија и Косово. Тој додава дека зеленото светло за Скопје и Тирана е резултат на дипломатско-политичкото ангажирање на Хрватска и нејзините пријатели и партнери.

Пленковиќ истакна дека ЕУ и финансиски го поддржува Западен Балкан во пандемијата на коронавирусот и дека Европската комисија подготвува голем пакет за економска помош, кој ќе ги следи и редовните извештаи за напредокот на овие земји.

Македонија

Земјотрес во Корча, почувствуван и во Македонија

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 17 часот и 35 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Земјотресот е со 3.5 степени Рихтер, а бил почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Регион

Повратници од работа на брод пиеле и пушеле на лет за Подгорица, на крај ја нападнале и стјуардесата

Објавено пред

Во Подгорица утрово слетале 320 морнари на компанијата „Ројал Карибијан“, меѓу кои, според црногорската влада, имало и 89 морнари од Хрватска, 25 од Албанија, 37 од Босна и Херцеговина и 26 од Србија.

Сепак, веста за нивното безбедно враќање поради пандемијата, беше засенета од скандалот предизвикан од околу 15 црногорски морнари кои биле уапсени во авионот, веднаш по слетувањето, пренесува хрватски „Индекс“.

„За малку ќе нè вратеа назад. Тие се напија, пушеа во авионот, ги нападнаа стјуардесите. Еден од нив им избега, па јас го фатив и го уапсија”, рекол еден од Хрватите кој слетал на аеродромот во Подгорица.

„Стјуардесата е изгребана на вратот и срамота е што 10 отсто од 143 црногорски морнари се уапсени во полиција“, изјавил Црногорец, исто така патник на летот.

„Пушеа во авионот, противпожарниот аларм се активираше веројатно 20 пати. Потоа, кога сакаа да им ги земат цигарите и алкохолот, ја нападнаа стјуардесата. Нејзин колега се обиде да ја одбрани, па за малку ќе избиеше тепачка. Пијаните исто така задеваа една девојка меѓу патниците во авионот“, раскажал за хрватските медиуми еден од Хрватите кој рекол дека уште не може да дојде на себе поради бурната ноќ која ја доживеал на повратниот лет.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ во предизборен спот: Ќе ги вратиме српските татковци од странство, за да печалат покрај своите семејства

Објавено пред

Претседателот на Србија и лидер на партијата СНС, Александар Вучиќ, објави ново предизборно видео на својот профил на Инстаграм.

Во него Вучиќ нагласува – „Ќе продолжиме да градиме за нашите деца“.

Во видеото, тој разговара со мало девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Александар Вучић (@avucic) on

„Што би сакала да направиш сега?“, прашува Вушиќ, на што таа одговара „пат“, додека тие си играат со коцки.

Вучиќ објаснува дека луѓето прават патишта за да имаат поголеми шанси и повеќе можности за работа.

Девојчето посочува уште една важна предност на патот: „Така може да се оди кај баба и дедо“.

Девојчето посакува и повеќе училишта и градинки, а Вучиќ вели дека ќе го направи тоа и додава дека има идеја како да го врати нејзиниот татко и сите други татковци кои работат во странство, назад во Србија, на што девојчето вели: „Тоа го сакам најмногу на светот“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Македонија10 минути

Почнува четвртата вонредна состојба

Почнува четвртата вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи вчера по состанокот на Советот за безбедност. Вонредната состојба ќе...

Македонија17 часа

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија17 часа

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија18 часа

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија20 часа

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија20 часа

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија21 час

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија22 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет22 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија23 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија24 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија1 ден

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија1 ден

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија1 ден

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет2 дена

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија2 дена

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион2 дена

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија2 дена

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Досие