Европа
Повеќе од 300 демонстранти приведени на протестите во Минск

Белоруската полиција соопшти дека стотици демонстранти се приведени во неделата во Минск на протест против претседателот Александар Лукашенко.
„Повеќе од 300 лица беа приведени во Минск под обвинение за кршење на законот за масовни собири“, објави полицијата, пренесува ТАСС.
Според полицијата во Минск, мали групи демонстранти се собрале помеѓу пладне и 15 часот по локално време.
Во некои области учесниците на неовластени собири се обидоа да го блокираат сообраќајот, а полицијата презеде мерки за да се спречат ваквите активности, изјави портпаролот на полицијата
Тој додаде дека некои од приведените биле претходно одговорни за учество на неовластени митинзи. Според него, некои ѝ се спротивставиле на полицијата за што се казнува со притвор до 30 дена.
„Значи, некои од приведените имаат вистинска шанса да ја поминат Нова година во притвор наместо да бидат дома со своето семејство“, додаде тој.
Според активистите за човекови права, демонстранти биле уапсени и во други белоруски градови.
Нерегистрираниот центар за човекови права „Вијасна“ на својата веб-страница објави дека досега знае за 182 приведени лица.
Според белоруското здружение на новинарите, неколку новинари биле приведени за време на протестите во неделата. Некои од нив беа ослободени по проверка на идентитетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Лондон растурена свадба со 400 луѓе, им се заканува глоба од 10.000 фунти

Британската полиција денеска објави дека во Лондон растурила свадба со речиси 400 гости, организирана и покрај забраната за собирање голем број луѓе поради пандемијата на Ковид-19.
Според строгите мерки воведени на почетокот на годината, свадби може да се прават само во исклучителни околности и допуштено е собирање само шест лица.
Но, полицијата пронашла стотици луѓе во училиште во Стемфорд Хил во северен Лондон. Прозорците биле покриени така што не можело да се види што се случува внатре.
Организаторот се соочува со глоба во висина од 10.000 фунти.
Бројот на лица заразени од коронавирус во Велика Британија вртоглаво се зголеми кон крајот на минатата година по појавата на нов вид на вирусот, што доведе до повторно воведување карантин, вклучително и строги правила за свадби.
Дневниот број на нови инфекции се намали од речиси 70.000 на 8 јануари на нешто помалку од 40.000 во последните денови, но властите се загрижени дека многумина не ги следат правилата, па вирусот продолжува да се шири.
Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, во четвртокот предупреди дека прекршувањето на правилата се казнува со глоба и најави воведување нова глоба од 800 фунти за присуство на домашни забави.
Европа
ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.
„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, компанијата објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот откога веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.
Европа
Франција воведува ПЦР-тест за сите патници што сакаат да влезат во земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.
Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.
Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во четвртокот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот