Свет
Повеќе од 400 лица приведени на протестите во Белорусија

Околу 442 лица беа приведени во неделата во Белорусија за кршење на Законот за масовни настани, од кои 266 во Минск, соопшти денеска белоруското Министерство за внатрешни работи, пренесува ТАСС.
„Вчера беа приведени вкупно 442 граѓани за кршење на Законот за масовни настани. Околу 266 лица беа задржани во Минск и 76 лица во шест градови во регионот Гродно“, соопшти Министерството на својот канал на „Телеграм“.
Министерството за внатрешни работи посочи дека 330 лица биле сместени во притворските центри за претдсудска постапка до сослушувањето на суд.
Претходно во саботата најмалку 900 лица учествуваа на неовластени митинзи во Белорусија, а 430 демонстранти беа приведени, од кои 45 сè уште се во притвор.
Демонстрациите на национално ниво ја зафатија Белорусија по претседателските избори на 9 август. Според официјалните резултати на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со огромно мнозинство од 80,10 отсто од гласовите.
Неговиот најблизок ривал во трката, Светлана Тихановскаја, се најде на второто место со 10,12 отсто од гласовите. Таа одби да ги признае резултатите и замина во Литванија.
Откако доцна на 9 август беа објавени резултатите од излезните анкети, во центарот на Минск и другите белоруски градови избија масовни протести. Во раниот постизборен период, митинзите прераснаа во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Тековните немири ги поддржива Координативниот совет на опозицијата, кој бара повеќе протести. Како одговор, белоруските власти ги осудија превирања и побараа да се запрат неовластените демонстрации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски пред средбата меѓу Трамп и Путин: На денот на преговорите, Русите убиваат

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагира на новите руски напади низ целата земја, што се случија токму кога Доналд Трамп патуваше на средба со Владимир Путин во Алјаска, пишува „Ројтерс“.
Коментирајќи го самитот, Зеленски објави на својот Телеграм канал дека во исто време пристигнуваат извештаи за, како што наведе, „намерни руски напади“ врз регионите Суми, Днепропетровск, Запорожје, Херсон и Доњецк.
„Војната продолжува“, рече тој. „Продолжува токму затоа што постои не само наредба, туку и сигнали за подготовка на Москва да ја заврши оваа војна“.
Неговата порака беше недвосмислена: „На денот на преговорите, тие исто така убиваат. И тоа многу кажува.“
Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да работи што е можно попродуктивно за да ја заврши војната и изрази надеж за силна американска позиција.
„Сè ќе зависи од тоа – Русите сметаат на американската моќ“, заклучи украинскиот претседател.
Регион
Никола и Марта исчезнаа на патот кон Грција: „По втората рампа повеќе не ги видовме“

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19) исчезнаа патувајќи на одмор во Грција, како што потврди за „Блиц“ Јелена Стојиљковиќ, ќерката на нивниот пријател, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
„Тато ги набљудуваше цело време во ретровизорот. По таа втора рампа, повеќе не ги видовме. Потоа тато доби порака од бројот на Никола „Брат, те молам јави ми се“, што и го стори. И тој и таа беа недостапни“, изјави Јелена за „Блиц“.
Како што истакна, Марта и Никола не контактирале со никого од вчера и сите се многу загрижени.
„Се надеваме дека се е добро и дека ќе се појават, сите сме многу загрижени за нив“, рече таа на крајот од интервјуто за „Блиц“.
Патем, судејќи според информациите објавени на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, автомобилот со кој Никола и Марта патувале во Грција е син металик опел со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.
Исчезнатиот Никола Стефановиќ живее во селото Богојевце во близина на Лесковац, а Марта Илиќ живее во селото Бунушки Чифлук.
Свет
Трамп разговараше со Лукашенко: „Имавме одличен разговор“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, имаше телефонски разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко, објави белоруската новинска агенција Белта.
Разговорот го потврди и Трамп.
„Имав одличен разговор со високо почитуваниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Целта на повикот беше да му се заблагодарам за ослободувањето на 16 затвореници. Разговаравме и за ослободувањето на дополнителни 1.300 затвореници. Нашиот разговор беше многу добар. Разговаравме за многу теми, вклучувајќи ја и посетата на претседателот Путин на Алјаска. Со нетрпение очекувам да се сретнам со претседателот Лукашенко во иднина. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, напиша тој.